Во случај на војна

САД ќе достават нуклеарно оружје во НАТО?

Екологистите од целиот свет ги возменири веста дека соглас­но Нуклеарната стратегија на САД, ќе бидат доставени ну­кле­ар­ни боеви глави за силите на Северната алијанса - НАТО, кои не располагаат со вакво оружје, во случај на војна во Ев­ро­па.

Како што известува МИА, информацијата ја пренесе Советот за заштита на природните ресурси во Вашингтон, а во него се да­ва анализа на нуклеарниот арсенал на САД кој се создавал во последната деценија. Овој арсенал е наменет за ев­ро­п­ски­те држави, сојузнички во НАТО. Содржината на овој арсенал оп­фа­ќа нуклеарни бомби, а тие се веќе распоредени во осум воз­душни воени бази на НАТО во шест европски држави: Бел­ги­ја, Велика Британија, Германија, Италија, Холандија и Ту­р­ци­ја.                

М.И.