КОАЛИЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО

Меморандум за соработка на 34 здруженија

Кон крајот на минатата година, 34 здруженија на граѓани од Македонија кои ја сочинуваат Македонската национална коалиција на невладини организации за правата на детето, потпишаа Меморандум за соработка. Со тоа, тие ги зацртаа принципите по кои ќе работат за остварување на заедничката цел - добробитта на најмладите. Претседател на работната група на Секретаријатот на Коалицијата е г. Валеријан Моневски од здружението „Пријатели на децата без родители”, потпретседатели се г-ѓа Дрита Селмани од Сојузот на албанската жена во Македонија (огранок Тетово) и  г. Георги Хаџи Васков од Сојузот за превентива од алкохолизмот, никотинизмот и наркоманиите на Македонија, а генерален секретар е г. Драги Змијанац од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши”. Седиштето на Секретаријатот на Коалицијата е во просториите на ПДАС „Меѓаши”.