публикации

Граѓанското вклучување во процесите на одлучување

Центарот за граѓански иницијативи од Прилеп го издаде прирачникот кој претставува илустрација на структурата на локалната самоуправа и законската рамка, но и пример за работата и соработката на локалната самоуправа и урбаните заедници. Прирачникот е дел од проектот “Градење на капацитетите на месните заедници”, поддржан од Балкан труст фор демокраси (Тхе Балкан Труст фор Демоцрацѕ), програма на Герман маршал фонд (Герман Марсхалл Фунд).

 

МЦМС

Луѓе од граѓанскиот сектор

Македонскиот центар за меѓународна соработка ја издаде публикацијата „Луѓе од граѓанскиот сектор”, која има цел да ја подобри информираноста на граѓанските организации, но и на другите субјекти за ресурсните лица од граѓанскиот сектор. Граѓанските организации ќе добијат алатка што ќе им помогне лесно да се снаоѓаат кога им се потребни експерти и обучувачи или координација со истакнати активисти или лидери на граѓански организации. Во публикацијата се презентирани профилите на 71 лидер, активисти, волонтери, обучувачи, консултанти, експерти и други ресурсни лица од граѓанскиот сектор. Публикацијата е достапна на www.mcms.org.mk, www.graganskisvet.org.mk.