Косово

Многу деца со посебни потреби остануваат незабележани

Иако од почетокот на транзицијата во Косово децата со посебни потреби имаат подобра грижа и ставот кон нив и нивните семејства е изменет, многу од нив с$ уште продолжуваат да се “бришат” од општеството, изјавуваат од канцеларијата на УНИЦЕФ, за време на посетата на едно основно училиште. „Со многу ниската стапка на нивно запишување во училиштата,  далеку сме од исполнување на европските стандарди. Ова, пред с$, се случува заради ограничувачките можности за школување на овие деца и поради тоа и треба да се развие алтернативна стратегија” - смета Роберт Фудерих, шеф на канцеларијата на УНИЦЕФ.

Се смета дека Косово постигнало прогрес во заштита на правата на децата со посебни потреби. Постојат знаци дека односот кон нив се менува, опфатени се со стратегијата одобрена од Министерството за образование, наука и технологија и децата, воопшто, сe повеќе се интегрираат во училиштата. Но, според УНИЦЕФ, сe уште има многу да се сработи – еден мал процент на деца со посебени потреби во Косово имаат пристап во некој облик на школување.                

Г.Ш.

Извор: Онењорлд