Покана за продажна изложба
По повод Нова година, НВО „Доверба“, „Добредојде“ и Работната тераписка група од ЈЗО Психијатриска болница - Скопје, со поддршка на градот Скопје и градоначалникот Ристо Пенов, организира продажна изложба на предметите произведени во креативните работилници.
Ги покануваме нашите блиски пријатели и соработници на оваа наша заедничка изложба.
Изложбата ќе се одржи на ден 19. 12. 2003 г. (петок), во 11 часот во малата сала на Градското собрание на град Скопје.
Информации можете да добиете во НВО „Доверба“ Скопје.
|