Нов сооднос помеЃу меЃународните невладини организации и Советот на Европа
Премин од консултативен во партиципативен статус
Проф. д-р Мирко Спироски - претседавач на Македонскиот центар за меѓународна соработка
Минатата година, поточно на својата 861 седница одржана на 19 ноемви 2003 година, делегатите заменици-министри од Советот на Европа усвоија измени на резолуцијата „Партципативен статус на меѓународните невладини организации во Советот на Европа“ (Рес(2003) 8). Комитетот на министри од Европската Унија ги прилагоди новите измени и ја објави пречистената верзија на оваа резолуција чиешто основно значење е менувањето на консултативниот статус на меѓународните невладини организации (МНВО) во Советот на Европа во партиципативен статус.

Резолуцијата е донесена врз основа на повеќе елементи од кои најбитни се:
- Мисијата на Советот на Европа (Поголема Европа без граници) не може да се постигне без постојана чувствителност на јавното мислење и водечките сили на европското општество, кои константно се создаваат;
- Постоењето активно граѓанско општество и неговите невладини организации, кои се витални делови од европското општество, се значаен и незаобиколлив елемент од демократијата;
- Иницијативите, идеите и сугестиите кои произлегуваат од граѓанското општество можат да се сметаат како вистинско мислење на европските граѓани; - Системот на соработка воведен со консултативниот статус (на меѓународните невладини организации, воведен во 1952 година) во голема мера овозможи развој и јакнење на соработката помеѓу Советот на Европа и доброволниот сектор, давајќи позитивни и охрабрувачки резултати за двете страни;
- Непобитно е дека соодносите помеѓу Советот на Европа и невладините организации се развија од учество на меѓународните невладини организации во организациската политика и работните програми, до поттикнување на партиципацијата на МНВО, достапност до советодавните комитети и комитети на владини експерти, како и до пристап на советодавните тела на Комитетот на министрите. Оваа партиципација ќе им овозможи на МНВО да му обрнуваат внимание на Советот на Европа за ефектите од промените во европското општество и проблемите со кои тоа се судира;
-Развојот и засилувањето на соработката помеѓу МНВО и Комитетот на министри (и неговите тела), како и Парламентарното собрание и Конгресот на локалните и регионалните авторитети од Европа, доведоа до создавање „Квадрилог“ кој во Советот на Европа е израз на демократскиот плурализам и основен елемент за натамошен развој на граѓанска Европа.
- Потребата од правила за активна и конструктивна улога на НВО, разјаснување, поттикнување и интензивирање на соработката помеѓу Советот на Европа и МНВО, особено подвлекувајќи го нивниот партиципативен карактер;
- Значајната улога на Претставничкиот Комитет како демократски избрано репрезентативно тело на сите МНВО кои имаат партиципативен статус во Советот на Европа, со тематските групирања во МНВО како нивен колективен глас, а оттука и на милиони европски граѓани, работејќи во секое од овие полиња и претставувајќи ги нив;
- Значењето на соработката помеѓу Советот на Европа и националните НВО, регулирано со Резолуцијата (Рес(2003)9) за статусот на партнерството помеѓу Советот на Европа и националните НВО.
Во Резолуцијата се дефинирани: условите кои треба да ги исполнат меѓународните невладини организации, модалитетите на соработка со Европскиот совет, процедурите за доделување партиципативен статус, напуштањето на партиципативниот статус и преодни одредби. Поради значењето на Резолуцијата, неопходно е со неа да се запознаат сите учесници на квадрилогот.
Забелешка на редакцијата: Граѓански свет, во идното свое издание, ќе го објави преводот на посочената резолуција
|