ФИООМ
...Да не им се плашиме
ФИООМ
Моќта е во народот...
Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, во рамките на кампањата „Моќта е во народот”, чија цел е придонес за фер и демократските избори, издаде картичка наменета за гласачите.
ОХО
Како најлесно да ја упропастите сопствената држава
Граѓанската асоцијација ОХО во рамките на својот проект „Како најлесно да ја упропастите сопствената држава” го испечати истоимениот Прирачник за гласачи и кандидати за пратеници, со поднаслов „Политичка проза за повторувачи, ама многу упорни”.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА,
Веб-страница за изборите
ЛОГОС И АГТИС
Рецепт за пита од избори
Организацијата на жените „Логос” и здружението „Агтис” од Прилеп, во рамките на проектот за едукација на граѓаните за изборите, ја изготвија веб-страницата www.pitaodizbori.com.mk .
МАКЕДОНСКО-ИТАЛИЈАНСКИ СОВЕТ ЗА СОЛИДАРНОСТ
Едукација на гласачите во Шуто Оризари
Во издание на Македонско-италијанскиот совет за солидарност испечатена е уште една брошура која има за цел информирање за гласачките права, овој пат наменета за потесна целна група - граѓаните од скопската населба Шуто Оризари, со претежно ромско население.
ИНТЕЛЕКТ АКЦИЈА - ПРОБИШТИП
Водич за парламентарните избори
Здружението „Интелект акција” од Пробиштип издаде Водич за парламентарните избори 2002, под мотото „Моќта е во народот”. Водичот е наменет на сите гласачи, а има за цел да ги запознае со изборниот процес, законските одредби, принципите на изборната кампања, органите за спроведување на изборите, начинот на спроведување на гласањето, правата што секој граѓанин ги има како гласач и друго. Проектот е поддржан од ФИООМ.