Положбата на вработените жени во Македонија 

С$ помалку жени од 15 до 25 години наоѓаат работа

Жените на возраст од 15 до 25 години с$ помалку се вработуваат, а нивниот работен однос престанува порано од оној на мажот по 55-годишна возраст. Младата и образована жена с$ потешко наоѓа работа, а кога ќе навр­ши 50 години е на врвот на листата за технолошки вишок и престанок на работниот однос. Овие резултати се дел од студијата објавена во публикацијата “Положбата на вработените жени во Македонија” чии автори се Лилјана Јанкуловска и Искра Кондарко-Лазаревска, која ја промовира Секцијата на жените на Сојузот на синдикатите на Македонија. Анкетата е спроведена во 18 регионални синдикални организации и со претставници од 15 гранкови синдикати, опфаќајќи 542 вработени жени членки на тие гранкови синдикати. Според истражувањето, 33,7 проценти од испитаните жени сметаат дека мажите немаат предност при вработувањето, додека 44 проценти оценуваат дека постојните закони ја штитат жената и обезбедуваат рамноправност при вработувањето. Само 11,3 проценти од жените се вклучени во одлу­чувачките структури. Во Синдикатот, пак, околу 11 проценти од жените се вклучени во повисоките органи. На ваквата дискриминација се надоврзува и ставот на 63 проценти од анкетираните жени кои сметаат дека поседуваат квалификации за повисоко работно место и дека можат да се изборат да станат членки во одлучувачките структури. Публикацијата е прво дело на Секцијата на жените при ССМ која има за цел остварување на нејзините програмски цели за јакнење и подобрување на положбата на жената во рамките на вкупните општествено-економски и политички одно­си, а особено во рамките на синдикалното организирање.

Ж.Ѓ.