Издание на МОСТ
Адресар на НВО за соработка со Собранието на РМ
Граѓанската асоцијација МОСТ, во рамките на програмата Отворени институции, го издаде Адресарот на НВО за соработка со Собранието на РМ.
Изданието нуди информации за граѓанските здруженија што работат или се заинтересирани за соработка со комисиите на собранието на РМ.
Издавањето на Адресарот финансиски е помогнато од Амбасадата на САД во Македонија и од Фридом хаус - регионална канцеларија во Будимпешта. Печатен на три јазици - македонски, албански и англиски, а има и електронска верзија, исто така на трите јазици.
Балкански граѓански практики
Оваа публикација го претставува првиот број од Балкански граѓански практики и се издава под насловот “Улогата на граѓанското општество во процесот на демократизација и интеграција во ЕУ на Балканот”. Под истиот наслов, за ова прашање се дискутираше во рамките на регионалната работилница организирана од страна на Асоцијацијата на протестантските развојни организации (АПРОДЕВ) од Брисел, Белгија и МЦМС на 22 и 23 јули годинава во Скопје.
Публикацијата има за цел да обезбеди пристап до презентациите и прашањата дискутирани на работилницата, како и до препораките од неа до другите граѓански организации и пошироката јавност во регионот.
Монографија
Педесет години растеж (1954-2004)
Монографијата “Педесет години растеж” (1954-2004) излезе по повод педесетгодишниот јубилеј на Специјалното училиште за деца со оштетен вид “Димитар Влахов” во Скопје. Во неа е даден историјатот на училиштето, презентирани се успесите на учениците и професорите, но и пречките со кои се соочувале оние кои биле пионери на работа со деца со оштетен вид во Македонија.
|