ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ НА ТРИ НВО ОД СКОПЈЕ, ГОСТИВАР И ТЕТОВО
Помирување преку интеретнички дијалог помеѓу три града
Првата детска амбасада во светот (ПДАС) Меѓаши од Скопје, Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите (ХДЗР) Месечина од Гостивар и Центарот за балканска соработка „Љоја” од Тетово, во просториите на Клубот на пратениците во Скопје, на 24 април го промовираа заедничкиот предлог-проект насловен како „Помирување преку интеретнички дијалог помеѓу три града – Скопје, Гостивар и Тетово”.
Заедничката промоција што ја извршија овие три граѓански организации имаше за цел да се побараат потенцијални финансиери. Предлог-проектот предвидува помош во процесот на помирување и враќање на довербата, мировната соработка коргзистенција во Македонија преку тестирање нови партнерства, креирање нови средства за комуникација, како и нови начини на вклучување членови од различни ентитети, повеќе или помалку погодени од неодамнешниот меѓуетнички конфликт во Македонија, во изградбата на мировниот процес.
Во проектот предвидено е да се вклучат и членови од локалната самоуправа, да се анимираат медиумите да заземат позитивен став кон проектот со цел привлекување на вниманието на пошироката заедница, итн.
Д. Медароски
|