Историјат на граѓанското општество

61 година ООН, 25 години Џез фестивал

Организацијата на Обединети нации (ООН) го прослави 61. роденден, на Денот на ООН, 24 октомври. Канцеларијата на ООН во Македонија прославата ја одбележа во Скопје, со Отворен ден во Рамстор. Во фокусот беше кампањата „Станете”, со цел да се подигне свеста за Милениумските развојни цели и да се поддржи борбата против сиромаштијата. Како и секоја година, ООН во Македонија ги додели награди за новинарство и фотографија, на тема сиромаштија во земјата. Првата, за најдобра новинарска сторија во печатен медиум ја доби Тодор Стојчевски за текстот „Образование за ромска ренесанса”, објавен во Форум плус, втората & припадна на Љубица Гроздановска за текстот „Деца аргатуваат за 100 денари” во Дневник, а третата на Маја Томиќ за текстот „Да не се добрите луѓе, досега ќе умревме од глад” во Утрински весник. Награда за најдобра ТВ сторија му се додели на Драган Антоновски за документарецот „Клучот е во вашите раце” прикажан на ТВ Сител, а најдобрата радиосторија е прилогот „Сиромаштија” на Белинда Кока, објавен на Радио Вати. Наградата за најдобра фотографија, објавена во Фокус, му се додели на Томислав Ѓорѓиев.

Јубилеј годинава прослави Скопскиот џез-фестивал њњњ.скопјејаззфест.цом.мк. Започнат како вистинска граѓанска иницијатива на неколку ентузијасти, предводени од Оливер Белопета, фестивалот прерасна во реномирана културна институција која во изминатиов четврт век градеше џез-култура во Македонија. Фестивалот во Скопје донесе низа легенди на оваа музика.