ЕВРОПСКИ ФОНДАЦИСКИ ЦЕНТАР

Јакнење на благосостојбата и на човекољубието

Европскиот фондациски центар - (“Еуорпеан Фоундатион Центре” - ЕФЦ) е независна, меѓународна и непрофитна асоцијација со седиште во Белгија. Осно­­вана е во 1989 година од страна на седум големи европски фондации. Брои повеќе од 200 членови и опслужува околу 250 ини­цијативи на заедници чии активности се насочени кон хумани активности. ЕФЦ остварува контакт, преку мрежата на инфор­мации, со 48.000 организации во светот, а поддржува центри во 37 земји во светот.

Визијата на ЕФЦ е постоење заедница на добро информирани, инспирирани лојални и независни обезбедувачи на средства што ќе се вклучени во барање решенија за предизвиците со кои се соочува човештвото во Европа, но и насекаде во светот.

ЕФЦ е асоцијација посветена на јакнење на благосостојбата на луѓето, односно на човекољубието. Во тие рамки, го поддржува граѓанското општество во земјите од Европа, но и од целиот свет. Асоцијацијата нуди помош во напорите за поддршка на не­зависни, одговорни и одржливи финан­сиери во нова Европа, особено кога ова фундаментално човеково право го соеди­нува приватниот капитал за поттикнување на потребите за јавна корист.

ЕФЦ во реализацијата на своите актив­ности има три приоритети: прет­ставување и мониторинг во европските институции, Светската банка и институциите на Обе­динетите нации; нудење услуги на член­ството, вклучувајќи мрежно работење, и консултантски услуги во областа на леги­слативата и фискалната проблематика, како и нудење можности за проширување на професионалниот развој на членките; и, нудење услуги во областа јавното инфор­мирање на фондациите и на финан­сиерите што соработуваат со нив.   

За сите информации поврзани со оваа асоцијација можете да ја отворите нивната веб-страница www.efc.be.

Д.Медароски