ГРАЃАНСКИОТ АКТИВИЗАМ ВО КОМУНИСТИЧКАТА ЕРА

Под покровителство на Народниот фронт

По Втората светска војна, единствената можност да се организираат граѓаните, односно да се формираат здруженија, била преку таканаречениот Народен фронт.

Во овој период, кога единствената обединувачка сила беше силната и единствена политичка партија - Комунистичката, Народниот фронт се јавуваше како организација која ја признава оваа политичка платформа, но која сепак не беше дел од партијата. Под „покровителство“ на Народниот фронт се оформија многу младински и женски организации, а луѓето кои во нив членуваа и беа дури во раководствата, не беа истовремено и нужно членови на КП. Повеќето од нив дадоа огромен придонес за обновата на државата разурната од војната, но и во градењето на интелектуалниот потенцијал и културното милје на новата македонска држава.