Основни категории на Законот за персонален данок од доход 

Што е персонален данок од доход II 

Даночна стапка

Стапката која се користи при пресметка на персоналниот данок од доход е променлива (прогресивно) и зависи од нивото (основица за пресметка) на исплатата, па така за исплати кои се во висина:
- до 25,500.00 МКД (нето) или 31,500.00 (бруто) МКД се користи стапката од 15%
- за сите исплати над 25,500.00 МКД (нето) или 31,500.00 МКД (бруто) се користи стапката од 18%.

Ова значи дека на сите приходи ќе платите 15 % персонален доход до 25,500 (нето), а за секој износ над тоа стапката на оданаочување е 18%.


Даночни ослободувања

Една од спецификите на овој закон, а воедно и одредба која предизвикува нејаснотии кај вработените во меѓународните организации, преставува токму одредбата за даночни ослободувања според која од овој данок ослободени се: 

1. Шефовите на странски дипломатски мисии и членовите на нивните семејства, освен ако тие членови не се државјани или резиденти на РМ
2.  Шефовите на странски конзуларни мисии и членовите на нивните семејства, освен ако тие членови не се државјани или резиденти на РМ
3.  Функционери  и стручњаците на ООН и нејзините агенции
4. Лицата вработени во странски дипломатски мисии, странски конзуларни мисии и меѓународни организации, освен ако не се државјани или резиденти на РМ
5.  Почесни конзуларни функционери на странски земји, но само за надомест што го добиваат од тие земји
6.  Државјани на Република Македонија за примања остварени во меѓународни организации.


Пооделни видови исплати (приход)

При пресметките и исплатите на персоналниот данок од доход (наведени во воведниот дел), Законот дава неколку различни видови пресметки и исплати и тоа во зависност од видот на примањето, посебно во делот на категоријата други приходи кои ги дели на:

Приходи по основ на договор за дело и други лични примања
Приходи по договор за закупнина
Приходи врз основа на авторски договор и права на индустриска сопствениот за уметност и фотографски дела
Приходи врз основа на авторски договор и права на индустриска сопственост за вајарски дела, керамика и сл.
Приходи врз основа на авторски договор и права на индустриска сопственост за преводи, сериозна музика и сл.
Приходи врз основа на авторски договор и права на индустриска сопственост за естрадни програми
Други приходи (сите останати договори кои не се споменати погоре).

Разликата помеѓу сите гореспоменати договори се состои во различното ниво на признаени трошоци со кои се намалува даночната основа при пресметка на персоналниот данок.

Поради сложениот начин на пресметка за поодделните примања, од една страна, и ограничениот простор, од друга страна, дозволете ни тоа  да го сториме во некоја следна прилика.
 

Александар Бужаровски,
раководител на Административно-финансиското одделение во МЦМС