календар
1 декември: Меѓународен ден против СИДА
Првиот декемвриски ден е посветен на борбата притив СИДА-та, една од најопасните болести на денешнинава. Тоа е ден кога владите и граѓанскиот сектор предупредуваат за опасноста, но и потребата од превенција и заштитата на правата на болните.
Научна изложба
Во Францускиот културен центар во Скопје ќе биде отворена интересна научна изложба. Темата е “Вода, влог и истражување” – се однесува на водата, еден од природните ресурси кои се загрозени во денешниов свет.
3 декември: Ден на хендикепираните лица
Трети декември традиционално е посветен на лицата со хендикеп. Тоа е ден кога се повикува на практикување на нивните права, но и ден кога се потсетуваат сите граѓани дека својата солидарност кон лицата со хендикеп треба да ја покажуваат секојдневно, а не само на овој датум.
3-5 декември: саем
Годинешниов традиционален НВО саем ќе се одржи, како и минатата година, на Скопското сајмиште. Годинава наслов на саемот е “Евроинтеграцијата и Македонија”, а фокус-земја е Словенија. Форумот ќе има изложбен, форумски и културно-забавен сегмент.
10 декември: на човековите права
Денот на човековите права е посветен на сите луѓе во светот кои не ги уживаат основните права на здрав, сигурен и безбеден живот. На овој ден се повикува на борба против насилството, нетолеранцијата, расизмот и другите облици на загрозување на правата на луѓето.
13 декември: Предавање за геополитиката
Во Скопје, во Македонската академија на науките и уметностите, со почеток во 19 часот, ќе се одржи предавање на тема “геополитика”. Предавач ќе биде Жак Атали, политичар, писател и музичар. Настанот го организира Францускиот културен центар.
20 декември: Светски ден на биодиверзитетот
Денот посветен на биодиверзитетот повикува на заштитата на биолошката разновидност во целиот свет. Денес, кога како последица на војните, загадувањето и деградацијата на животната средина забрзано исчезнуваат видовите на флората и фауната, потребна е широка акција на владите и граѓанскиот сектор за сочувување на биодиверзитетот.
|