ЕВРОПА
Конференција на Европската комисија и ОН
Европската комисија и Развојниот фонд за жени на ОН (УНИФЕМ) одржаа конференција од 9 до 11 ноември 2005 година, во Брисел, за оценување на ефектите од развојната соработка за напорите за промовирање еднаквост меѓу половите и искоренување на сиромаштијата.
Организирањето на конференцијата следуваше по трите важни настани во 2005-тата коишто ги поврзуваа ветувањата по прашањето за еднаквост на половите со Милениумските развојни цели: 10-годишниот преглед на Акцискта платформа од Пекинг, усвојувањето на Париската декларација за ефикасност на помошта и Самитот на ОН за 2005 година.
Повеќе информации во врска со конференијата се достапни на:хттп://њњњ.унифем.орг |
|