ПДАС „Меѓаши“ - Соопштение за јавноста
ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕТСКИ ТРУД
Потресени сме од вчерашната трагична смрт на 13-годишниот Авни Адеми од Гостивар, во сервис за миење автомобили. Овој жален случај е уште една потврда дека злоупотребата на детски труд во Република Македонија е реалност. Ова е драстичен пример за кршење на одредбите од Конвенцијата за правата на детето, Конвенцијата против најлошите форми на детски труд (182) и на Националните закони (посебно дрaстичен заради трагичниот резултат на повредите на правата на детето – со смртни последици).