Јубилеј
10 години ЕЛСА
ЛСА Република Македонија е формирана на 5 септември 1997 година во Скопје, од група млади студенти по право. Организацијата е комплетно ориентирана кон студентите по право. Како дел од Интернационалната организација ЕЛСА, која може да се каже дека е една од најдобро организираните и најуспешни граѓански организации, ЕЛСА Република Македонија им овозможува почеток на успешна кариера на идните правници. Целите на организацијата се: едукација на млади студенти по право и студенти по политички студии; одбрана на правата на студентите по право; понуда на можности за членовите на ЕЛСА да заминат од Правниот факултет со практично знаење и информации за нивната идна професија; и, зголемување на интересот на младите да земат учество во општествениот живот. По повод десетгодишнината од основањето, на 28 септември оваа година, во Правниот факултет „Јустинијан Прима” во Скопје, се одржа свечено собрание. |
|