ЗЖ Бисера, Охрид одбележа јубилеј
100 години Илинден – 100 години македонска државност
Со организирање изложба на ракотворби и презентирање национално богатство, на 18 октомври 2003 г., Здружението на жените „Бисера“ Охрид, членка на сојузот на организациитена жените на Македонија (СОЖМ), го одбележа јубилејот 100 години Илинден – 100 години македонска државност.
На изложбата зедоа учество и НВО од регионот и пошироко, а беа присутни и гостинки од Благоевград, Р. Бугарија, кои беа во возвратна посета на нашата организација. Како гости беа и жените од НВО Рефлексионе, Поградец и Сојузот на жените од Пустец – Р. Албанија.
Изложбата ја отвори претседателката на ЗЖ „Бисера“, Охрид, а за значењето на Илинден и улогата на жената во изминатиот период зборуваше проф. д-р Павле Митревски, историчар.
Чествувњето на јубилејот продолжи вечерта со традиционалната манифестација „Тортијада“, 9-та по ред, која имаше натпреварувачки карактер. На тортијадата победи Наумка Пенезиќ со тортата „Споменик на Крушево“.
Оваа манифестација ја поддржа градоначалникот на локалната самоуправа од Охрид.
|
|