Интерпарламентарна лоби-група

Петнаесет нови лобисти за правата на лицата со хендикеп

Петнаесет пратеници од новиот состав на законодавниот дом од минатата година се нови членови на Интерпартиската парламентарна лоби-група за правата на лицата со хендикеп, чиј претседател е Ратко Димитровски. Меѓу членовите се пратениците Силвана Бонева, Роза Топузова–Каревска, Радмила Шеќеринска, Бесим Догани, Фијат Цановски и др., кои ќе продолжат да работат на полето на законската регулатива, поврзана со правата на хендикепираните лица. Новиот состав беше промовиран на 4 декември 2006 година, кога лоби-групата одбележа и 4-годишното работење. Таа е формирана во соработка со Полио плус пост полио група за поддршка, а на четиригодишнината, под мотото „Заедно градиме општество за сите”, беа заокружени и заедничките резултати, презентирани во книгата „Системско законодавство за лицата со хендикеп”.

“Континуираното применување на законодавството прераснува во природен одговор на развојот на законодавниот систем  кон новите предизвици и потреби. За главна цел во својот долгорочен акциски план, лоби-групата го постави  усвојувањето на системскиот закон, кој ќе претставува основа за донесување посебни закони и ќе ги инкорпорира елементите за заштита на и имплементација на усвоените норми” -вели Звонко Шаврески, претседател на Полио плус.

Новата лоби-група е составена од 18 членови, и тоа четворица стари и 14 нови членови. Во однос на половата структура, десет се жени, а девет мажи. 

С.К