Интервју со Бардил Јашари, директор на Фондацијата “Метаморфозсис”

Државните институции немаат визија за нивната улога во развојот на информатичкото општество

Во септември, од страна на Парламентот, беше усвоена Националната стратегија за развој на информатичкото општество во чиешто изготвување, но и приближување до јавноста, учествуваше и Фондацијата “Метаморфозис”. Што нуди стратегијата во развој на граѓанското општество во Македонија?

Пред сe, Националната стратегија нуди од­ли­чна можност граѓанскиот сектор поактивно да се вклучи во изградбата на ин­фор­матичкото општество во партнерство со владиниот и со деловниот сектор. 

Самата имплементација на оваа стратегија ќе придонесе во развојот на сите сектори во општеството. Примената на ИКТ битно ќе го смени начинот на функционирање на ГО и ќе придонесе за поефикасно реализирање на нивните цели и мисии, а со тоа и за целокупниот развој на граѓанското општество во Македонија.


Задоволен ли сте од досегашниот степен на заинтересираност на  државните институции за развојот на информатичкото општество на различни нивоа?
Не. Тоа го покажаа и резултатите од нашето истражување од 2004 година (достапна на њњњ.метаморпхосис.орг.мк/ицт/истразуванје2.пдф). Се разбира дека постојат исклучоци, но општо земено, нашите државни институции немаат визија за нивната улога во развојот на информатичкото општество. Состојбата е слична и на локално ниво. Токму затоа се јави потребата за изготвување Национална стратегија за развој на ин­фор­ма­тичко општество. Тој процес го водеше Комисијата за инфор­ма­тички технологии при Владата на РМ.


“Метаморфозис” во рамките на своите активности има можност за увид  во состојбите со комуникациските технологии во земјава. Кои се вашите сознанија за степеност на информираност во оваа сфера на граѓаните, граѓанските здруженија, за потребата од промена на постоечката ситуација?
Иако придобивките од употреба на ИКТ се јасни, тие не се ма­ни­фестираат подеднакво во сите сектори. Граѓанските здру­же­ни­ја сe уште недоволно ефикасно ги користат новите технологии. Нашето истражување (http://www.metamorphosis.org.mk/mak_vesti_detal.asp?id=312)  покажува дека повеќето ГО ги користат компјутерите само за пишување текст, евентуално за та­беларни пресметки и за комуникација преку интернет. По­треб­ни се обуки за подигање на капацитетите на здруженијата за стратешко користење на овие технологии, како и кампањи за подигање на јавната свест за придобивките од ИКТ.

Фон­дацијата Метаморфозис преку проектот „иРајдер” (модел на мобилни консултанти за ИКТ) се обидува да ја смени оваа сос­­тојба. Во рамките на овој проект „иРајдерите” преку консултации и обуки им помагаат на ГО да изготват процедури и пла­нови за стратешко користење на ИКТ во зависност од нив­ната мисија.


Во вашите простории месецов се одржа и преведувачкиот маратон на канцеларискиот софтвер “опен офис” на македоонски јазик, организиран во соработка со граѓанската организација “Слободен софтвер Македонија”. Што претставува софтверот, колку е потребен во земјава и каде с$ може да се користи?
Опен офис е бесплатен софтвер за канцелариско работење со којшто се врши пишување и форматирање текст, табеларни пресметки, цртање, креирање бази на податоци и пре­зентации. Тој ги поддржува сите општоприфатени стандарди и формати на документи.

Достапноста на бесплатниот опен офис на македонски ја­зик ќе обезбеди поголема можност за граѓаните кои не го вла­деат англискиот јазик да ги користат придобивките на модерните технологии. Со оглед на тоа дека овој софтвер мо­же секаде слободно да се користи и дистрибуира, тој претставува одлична алтернатива на користењето пиратизиран комерцијален софтвер со слична намена.

Опен офис е достапен и на албански, на турски,на хрватски, на српски и др. јазик ( http://www.openoffice.org). Во рамките на еден регионален проект во кој сме вклучени и ние, се предвидува преведување на опен офис на ромски јазик.


Го издадовте првиот број од Водичот за информатичките и комуникациските технологии ИКТ во соработка со Панос од Лондон, пред претстојаната втора фаза на Светскиот самит за информатичко општество. Какви информации содржи билтенот и на кој начин може да се дојде до нив? 
 Водичот содржи основни информации за начинот на кој е организиран и функционира интернетот, како и други прак­тич­ни информации. Исто така, се објаснуваат дилемите кои­што постојат во светот околу начинот на управување со ин­тер­нет. Водичот е достапен на македонски и на албански јазик во печатена и во електронска форма (www.metamorphosis.org.mk/ICT/vodich1_mk.pdf ).


Кои се другите актуелни програми и проекти што се спроведуваат од страна на Фондацијата и кој с$ може и во какви форми да ги користи? 
 Поголемиот дел од нашите проекти се поддржани од ФИООМ. Метаморфозис всушност и настана преку осамосто­ју­вање на програмата за информации на ФИООМ. Од проектите коишто ги реализираме би сакал да го издвојам проектот „е-локална самоуправа” кој предвидува развој на општински услуги достапни преку интернет, а има за цел за­јакнување на односите помеѓу граѓаните и локалната власт. Проектот се имплементира во сораборка со УСАИД/МДВ (УСАИД/МДЊ).

Исто така, да напоменам дека постојано е отворена можноста за вклучување ГО во проектот „иРајдери”.