Луѓе: Златко Талевски
Бидете активни за да направите позитивна разлика
Професионално искуство: Извршен директор на Младинскиот културен центар - Битола
Ангажирање во граѓанскиот сецтор: Од 1995 до 1999 година како член на студентската организација АИЕСЕК, потпретседател за човечки ресурси во Локалниот комитет Прилеп и една година член на Националниот тим на тренери. Координатор сум на проект во Младинската културна асоцијација (денешен МКЦ - Битола) од 1999 до август 2002 година, од кога сум извршен директор во МКЦ - Битола.
Амбиции: Напредок во кариерата во граѓанскиот сектор во Република Македонија. Подолгорочно, стручно усовршување на докторски студии на реномиран универзитет во странство. Уште подолгорочно, работа во Европската администрација како претставник од Република Македонија.
Хоби и интереси: Слушање музика и надополнување на мојата музичка колекција. Интерес за патувања и откривање нови места и запознавање нови луѓе.
Во слободно време чита: Стручна литература, дневни весници и белетристика. Последна прочитана книга Уличен адвокат од Џон Гришам. Моментално ја читам Одбрани раскази од Карел Чапек.
За време на викенди: Доколку немам обврски на работа во МКЦ - Битола, времето го поминувам во друштво со сопругата Наташа и тригодишниот син Марко. Пиењето кафе на Широк Сокак, прошетките во Градскиот парк, или уживањето во убавините на Националниот парк Пелистер, се мои вообичаени викенд-дестинации. За мир во душата и просветлување на духот, Охрид е идеален, а понекогаш и шопинг во Лерин, Грција, доаѓа во комбинација.
Најтешка одлука: Кога штотуку стапив во брак, заминав на едногодишни постдипломски студии на Централно-вропскиот универзитет во Будимпешта, отсек политички науки. Релацијата Битола-Будимпешта, која е околу 1000 километри, ми стана неверојатно блиска поради моите чести патувања.
Кој национален (локален) проблем го смета за особено важен? Ги има премногу, но би ги издвоил (не)функционирањето на правната држава, невладеењето на правото и почитувањето на законите, не само од страна на граѓаните, туку и од самите државни институции. Со нивно постепено, но и реално решавање, граѓаните ќе го трансформираат своето мислење и нема да ја сметаат државата за непријател кој треба да се изигра.
Кој глобален проблем го смета за особено важен? Процесот на (фер)глобализација во кој и малите народи и држави, особено тие кои се економски индиферентни, ќе го најдат местото што го заслужуваат.
Што би променил во Македонија и во светот? Би сменил многу работи, но пред тоа најбитно е граѓаните да бидат свесни и убедени од потребата за позитивни промени. Ова е особено значајно за Република Македонија, како држава што сака да фати приклучок со современиот свет. Граѓаните со повеќе самодоверба кон себе и кон институциите можат да бидат носители на промените за подобра иднина и пристоен живот.
Совет (препорака):Отворено соочете се со предизвиците и секогаш инвестирајте во Вашето знаење.
|
|