ПРИЛОГ 4: Најчесто употребувани поими / термини

Македонска православна црква
 

Архиепископ - “прв епископ”; според Уставот на МПЦ, единствен архиепископ е поглаварот на Црквата кој ја носи титулата архиепископ охридски и македонски. Вообичаеното обраќање е со “Ваше/Негово Блаженство”

Вечерна - заедничко дневно богослужение кое се служи навечер

Епархија - територијата која се наоѓа под јурисдикција на еден епископ

Литургија - (грч. леитоургиа) го означува централното богослужение во Црквата - чинот на Евхаристијата, односно чинот на светата тајна Причест

Манастир - комплекс од црква со конак, престојувалиште на монасите

Митрополит - доаѓа од  мхтропо,лиј - главен град на една земја; го означува надлежниот архиереј на една епархија. Вообичаеното обраќање е со “Ваше/Негово Високопреосвештенство”.

Параклис - капела, мала црква во кои се служи богослужба, но која не е парохиска црква, туку најчесто се наоѓа во комплекс со поголем храм, училиште, болница и сл.

Утрена - заедничко дневно богослужение кое се служи наутро

Црква - а) заедница на верните соединети во верата во Господ Исус Христос;

              б) храм, место за богослужба.

 

Исламска заедница во Република Македонија
 

Ваиз – проповедник

Гусулхани – место каде се верските подготовки за погреб на починатите муслимани

Имам – верски службеник кој ги предводи верниците во молитва

Исламски центри – верски објект со културни, образовни и хуманитарни содржини

Мектеби – училници за веронаука

Месџид – верски објект без минаре

Муали – вероучител (веронаука)

Муезин – верско лице помошник на имамот

Муфтија – предводник на муфтиството

Муфтиство – регионален управен орган на ИВЗ

Намаз – верски обред

Намаз на Курбан Бајрам – верски бајрамски обред

Намаз на Рамазан Бајрам – верски бајрамски обред

Рамазански пост – пост на месецот рамазан

Реис-ул-улема – поглавар (прв човек на ИВЗ)

Саат кула – објект кој служи за означување на времето

Теќе – верски исламски објект

Турбиња – мавзолеи (гробишта)

Хаџџ – ходочастие 

Џамија – верски исламски објект

Џематси одбор – орган при муфтиството кој се бира од верниците

Џума намаз – неделен петочен верски обред

 

Католичка црква
 

Бискуп -  епископ

Егзарх -  управител на една црковна единица

Манастир –  верски објект во кој живеат посветени лица на Бога

Монсињор –  почесна титула

Ординариј -  управител на епархија

Црква –  верски објект во кој се одржуваат верски обреди

 

 

Еврејска заедница во Република Македонија
 

Арвит (арвит хебр.) – збирна вечерна богослужба или вечерна молитва на поединецот. Навечер секој поединец е должен да ја изрецитира Керијат Шема шел арвит прописно според Тора.

Рабин (раби – хебр.) – мериторен толкувач и признаен судија на еврејскиот закон

Синагога – дом на собирање

Шабат (шабат – хебр. сабота) – најголем еврејски празник. На Шабат е строго забрането да се работи. Работите кои ги забранила Усмената Тора се нарекуваат авот мелахот (прототипови на работата) и ги има триесет и девет. Рабинското законодавство ги забранило и работите кои произлегуваат од овие триесет и девет или потсетуваат на нив.

Шахарит (шахарит хебр.) – збирна утринска богослужба или утринска молитва на поединците

 

Евангелско-методистичка црква
 

Богослужба - црковен обред на кој се држи проповед, проследен со читање текстови од Библијата, пеење духовни песни, молење итн.

Епископ - највисоката духовна функција. Негова надлежност е да ги застапува црквите во својата епископска област, да се грижи за чистотата на учењето, за правилното функционирање на црквите под негова јурисдикција. Епископот го бира Централната конференција.

Генерална конференција - највисокото законодавно тело на ЕМЦ во светот. Таму се донесуваат сите одлуки во поглед на духовната организација и општата организација на црквата. Исто така, се донесуваат и сите организациски и структурални примени во црквата. Неа ја сочинуваат делегати на сите евангелско-методистички цркви во светот.  Се состанува секоја четврта година.

Годишна конференција - одлучува за сите проблеми на црквата во една држава.

Суперинтендент – се поставува од страна на епископот. Тој се грижи за духовните и материјалните потреби на црквата на една годишна конференција. Исто така, тој ја надгледува целокупната работа на окрузите во црквата.

Надзорен пастир - одговорен за еден или повеќе окрузи и ја набљудува целокупната работа во заедниците

Централна конференција - опфаќа една или повеќе годишни конференции. Одлуките донесени на Генералната конференција се верификуваат на Централната конференција.

Округ - најмалата организациска единка во црквата на ниво на месна заедница

Црква - објектот каде што се одржуваат сите црковни активности (богослужби, библиски часови, младински часови, детски часови итн.)Социјален центар - институција којашто се грижи за социјално-хуманитарните потреби на луѓето од црквата и надвор од неа. Социјалниот центар е под надзор на ЕМЦ.