Коментар

Деца! Деца! Деца!

Многу чуствителна тема. Не би можел да ги сфатам тие кои ги злоупотребуваат децата. Од злоупотреба на детскиот труд, па до разните дефилирања за одредени цели. За првото мислам дека се согласуваме сите, а за второто зависи кој како го чуствува тоа. Но и за едното и за другото постојат конвенции, прописи и закони со што тоа се регулира. Употребата на децата во различни цели е меч со две острици. За едните може да е правилно, а за другите не. Дали некој тоа го направил со скриени намери или со други чисти мисли. Затоа постојат конвенции за правата на децата и нашите закони.

Пред извесно време, Детската амбасада за сите деца од Прилеп ја организираше кампањата за влез на Македонија во НАТО со мотото „Македонија во НАТО – ние децата нивно злато”, под покровителство на Министерот за одбрана, Лазар Еленовски. ПДАС „Меѓаши” на ова остро реагираше, упатувајќи претставка до народниот правобранител поради политичка и воена злоупотреба на децата за агитирање и кампањи за влез на Македонија во НАТО и кои бараат оставка од министерот и бришење на Детската амбасада за сите деца од Регистарот на здруженија на граѓани и фондации.

Дали на овој настан децата беа злоупотребени или не? Барем засега (колку што сум информиран) реагираа Меѓаши (кои веќе повеќе од петнаесет години се занимаваат со децата), Народниот правобранител. Мислењето на тие што не се огласиле не го знаеме. Иако внатре во граѓанскиот сектор има веќе такви реакции.

Дали треба Детската амбасада за сите деца избрише од Регистарот на здруженија на граѓани и фондации? Тоа е барањето на Меѓаши. Но дали треба да се укине или не некоја организација или институција треба да одлужат надлежните органи.

Дебати за злоупотребата на децата за разни цели имало и ќе има и во иднина. Би ги поканил и ПДАС Меѓаши и Детската амбасада за сите деца да организираат дебата на ова прашање, заедно со другите граѓански организации, државни институции, правници, итн. да продискутираат на ова прашање: Кога смееме ако кога не да ги „користеме” децата за различни цели.

Ние самите тоа си го толкуваме, како ќе ни се допадне.

 

Грамоз Шабани