Европска комисија

Интегрирање и зајакнување на европската истражувачка област

Европската комисија го објави повикот за предлози во областа на Специфичните мерки за поддршка на меѓународната соработка со земјите од Западен Балкан, чиј краен рок е 06.03.2006 г. Ова е една од областите од специфичната програма за Интегрирање и зајакнување на европската истражувачка област. Другите области коишто ги покрива повикот се: стабилизација и зајакнување на истражувачкиот потенцијал на земјите од Западен Балкан и придонес кон развојот на одржливото истражување. Специфичните акции за поддршка предвидени со овој повик им нудат на земјите од Западен Балкан можност да ги подобрат своите истражувачки капацитети до највисоко ниво на квалитет и/или отворање центри во земјите од Западен Балкан, како и во целиот регион.