МЕРКАТОР
Мрежа на повеќе јазични училишта
Во организација на ЦИЕМЕН – Европскиот центар за етнички малцинства и нации, формиран е веб-порталот „Меркатор“, поддржан од Европската комисија. Целта на „Меркатор“ е да се промовира правото на еднаквост на јазиците на малцинските групи и нациите. Во рамките на оваа иницијатива, се формира мрежа на билингвални или трилингвални основни училишта низ Европа.
Оваа мрежа ќе врши размена на информации помеѓу училиштата и луѓето вклучени во процесот на образованието или заинтересирани за образование на јазиците на малцинствата. За мрежата подетални информации можат да се добијат преку веб-страницата:
www.ciemen.org/merkator
Иницијативата „Меркатор“, исто така, започна со формирање виртуална библиотека на јазиците на малцинствата.
М.И.
|