СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО НА РАБОТА

Кажете му "НЕ" на шефот

Сојузот на организациите на жените на Македонија и организациите на жените на Куманово и Скопје, со поддршка на Институтот Отворено општество - Македонија, во рамките на проектот „Како на шефот да му се каже „Не”, организаираа јавна расправа по Предлог-законот за изменување и допол­нување на Кривичниот законик и Законот за работни односи.

Беа сугерирани конкретни измени на Кривич­ниот законик и Законот за работни односи и посочена генералната препорака на ООН и ЕУ во врска со овој вид насилство.