Иницијативи

Фондацијата “Проф. Стамбоилев” годинава награди тројца студенти 

Кристина Јакимовска од Машински факултет и Александра Лазарова од Медицинскиот се дв студент кои годинава добија награди за најдобри студенти од фондацијата “Проф. Димитар Стамболиев”, на свеченоста која се одржа по повод 24 Мај, патрониот празник на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Годинава, Фондацијата награди уште еден студент на Машин­ски­ факултет, братот на Кристина Јакимовска, Кристијан, поради неговиот ж успех  факултет. Тој, како и другите двај­ца студенти,  наградени со по 20.000, односно 18.000 денари. Наградите се доделуваат по 7 пат, а ги добиваат студентите кои покажуваат одлични резултати на факултетите на кои студираат. Се наградуваат студенти  Машински, и од годинава и  Меицински факултет. Фондацијата уште пред 7 години ја фор­мирал професорот Димитар Стамболиев од Машински факултет, кој во моментов е во пензија. Од оваа година, т постои како правен субјект со свој управен и надзорен одбор, во кои членуваат универзитетски професори.

“Фондацијата му ја посветувам на мојот триесет и едногодишен син, Коста, кој почина пред четири месеци, а беше дипломиран машински инженер. Решив средствата од моите трудови кои ги објавував претходните триесет години, а сега повторно се публикуваат, да ги вложам во студентите и да ги наградувам за нивниот труд на факултетот. Но, наградата не им се доделува са­мо на успешните студенти, туку и на оние кои ќе завршат со солиден просек во најкраток рок”, објаснува професорот Стамобилев. Тој вели дека фондацијата секоја година наградува по еден до двајца студенти.                                                                                  ..

 

 

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Канцеларија за контакт со НВО

 

Во Собранието на Република Македонија работи канцеларија за контакт со невладините организации, чија цел е да ги поврзе гра­ѓанските организации со законодавните тела, да овозможи поголемо јавно учество во процесот на донесување одлуки, да ја институционализира соработката Собрание-граѓански орга­ни­за­ции и да обезбеди релевантни податоци и дијалог на таа рела­ци­ја.

Канцеларијата има и свои веб-страници: њњњ.канцеларија.орг.мк; њњњ.цивилоффице.орг.мк, њњњ.право.орг.мк, а граѓаните и гра­ѓан­ски­те организации можат да контактираат на цонтацтЖканцеларија.орг.мк. На веб-страницата на канцеларијата е постојано отворен форум, преку кој граѓаните можат да даваат свои пре­по­ра­ки и забелешки во врска со актуелните предлози на закони што треба да поминат низ собраниската процедура, да се обратат до пратениците, или да покренат свои иницијативи.

Канцеларијата располага и со правен ресурсен центар, каде што се достапни сите закони на Република Македонија во електрон­ска форма, библиотека, како и електронска збирка на решени случаи од страна на Врховниот суд.              М.И.

 

 

РОМАВЕРЗИТАС

 

Поддршка на студентите Роми

 

Годинава, преку програмата Рома­вер­зитас на Фондацијата Ин­сти­тут отворено општество – Маке­до­ни­ја, се зголеми бројот на сти­пен­ди­рани студенти Роми за уште 50. Програмата се спроведува во пар­тнерство со УСАИД и и ХЕСП – Будимпешта (програма за под­дрш­ка на високото обра­зо­ва­ние).

Но­вина претставува и мен­то­ри­ра­ње­то врсници – наместо досе­гаш­на­та практика ментори на стипен­дист­ите на Ромаверзитас да би­дат асистенти или професори од нивните матични факултети, од го­динава таа улога ја имаат сту­ден­тите кои дипломирале или се пред крај на студиите. Досе­гаш­на­та практика покажува добри резултати во квалитетот на зна­е­ње­то и совладувањето на матери­ја­лот на студиите од страна на сти­пендистите. Стипендирањето продолжува и наредната учебна година. За информации обратете се на смустафовЖромаверситас.еду.мк.                              М.И.

 

Одбележан Светскиот ден на Црвениот крст

 

Пригодно промовирана книга од Анри Динан

 

Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полу­ме­сечина, 8 Мај, годинава беше одбележан и во Македонија со промоција на книгата “Сеќавање на Солферино” од основачот на Црвениот крст Анри Динан, а Македонски пошти издадоа до­плат­на поштенска марка.

По повод Светскиот ден, кој во Скопје се одбележа под мотото “Да го заштитиме нашето здравје”, се одржа и свеченост во Домот на хуманитарните ор­га­низации “Даре Џамбаз” на која присуствуваа повеќе јавни личности, политичари, актери, акти­вис­ти и граѓани. До присутните честитки упа­ти и претседателот Бранко Црвенковски кој подвлече дека “Црвениот крст секогаш бил столб на ху­ма­нитарните активности и давал значаен при­до­нес во подигнувањето на свеста на сите субјекти кои имаат одредена улога во светската мисија”. С.Н.