Форум
Дали во Македонија постојат услови за развој на еко-туризам?Нашето ново прашање кое ќе биде актуелно на Форумот на веб-страниците “Граѓански свет” цело лето (во јули и август) - е проблем за кој треба да се размислува и да се работи и преку зима, и преку есен, и преку пролет, и налето. Што мислите - дали во Македонија постојат услови за развој на еко-туризмот? Иако под овој поим во светот се подразбира мошне специфичен вид туризам, кај нас тој најчесто се поистоветува со руралниот туризам, манастирските тури и слично. Тука не ни е целта да елаборираме што е што, туку да поттикнеме дискусија за можностите за сите погоре споменати видови туризам, кои се блиски и најчесто одат заедно. Дали сме во можност, со нашите природни и културни убавини, да привлечеме туристи, домашни и странски? Како тоа да го сториме? Дали доволно се рекламираме? Дали имаме услови (инфраструктурни, кадровски) и дали имаме знаење како да се однесуваме со евентуалните туристи?
|  |
|