ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА МАКЕДОНИЈА
Правата на децата - во зачеток или непознатиХелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија, во рамките на својот извештај за минатата година, посебен дел им посветува на правата на децата. Според Извештајот, „Седум години по ратификувањето на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија, децата сe уште не се третираат соодветно како субјекти на правото. Нивните права често произлегуваат од правата на родителите и семејството, а Законот за семејство, во делот во кој се уредуваат односите помеѓу родителите и децата, ги определува правата на родителите, а воопшто не зборува за правата на децата. Правото на детето на активно учество во заедницата и во училишниот систем сe уште е во зачеток или е сосем непознато”. |  |
ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ "МЕЃАШИ"
Центар за деца и млади
 Во рамките на кампањата за елиминација на најлошите форми на детски труд, "Меѓаши" наскоро ќе отвори центар за деца и млади во населбата Јане Сандански, Скопје |  |
|