репортажа: МАЛОВИШТА - ТРАДИЦИЈА ШТО ТРАЕ
Старите занаети повторно носат бериќет
Ако с$ уште не сте го посетиле Маловишта, веќе овој викенд “фатете” го патот кон Пелистер. Ќе се соочите со вистинско откритие. Маловишта ќе ве пречека со бескрајната свежина и спокој на зелените планински падини и ќе ве заплисне со зачудувачката културна традиција. Не само со традиционалното занаетчиштво, туку и специфичната архитектура, галеријата на мошне вредни икони и чудесниот иконостас во селската црква, од рангот на оние во Свети Спас и Свети Јован Бигорски.
интервју: м-р Драги Змијанац, извршен директор и соосновач на Првата детска амбасада во светот “Меѓаши”
Се навлеков на граѓанскиот сектор
Драги Змијанац е извршен директор и соосновач на Првата дет­ска амбасада во светот “Меѓаши”. Пред да се впушти во водите на граѓанскиот сектор, магистрирал на предметот одбрана и од 1983 до 1991 година работел како асистент по предметот теорија на војната на Институтот за одбрана при Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1992 година до денес Змијанац е дел од Детска амбасада “Меѓаши”. Семејно, тој е татко на три деца и сопруг на својот најдобар соработник, Гордана Пирковска-Змијанац.
погледи
Оружјето е дизајнирано да убива
Оружјето е дизајнирано да убива. И - тоа сигурно ќе го стори во даден миг! Тоа е една од водечките идејни поставки на предавањето за ризиците од оружјето кое го одржа полковник Франк Одендал, а во организација на Цивил, Пакс Кристи Холандија и УНДП/САЦИМ 2 – “Сафер Цоммунитѕ Буилдинг”.
МЦМС по четврти пат ги додели наградите за граѓанско општество и демократија и за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн”
Наградените извор на инспирација за сите
На 8 јуни 2004 година МЦМС по четврти пат ги додели Наградата за граѓанско општество и демократија и Наградата за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн”. Плакетите и чековите на наградение им беа врачени на пригодната свеченост организирана во хотелот Холидеј ин во Скопје.
Што очекуваат граѓанските организации од актуелниот процес на децентрализација
”ПОГОЛЕМА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА”
Менторството и граѓанските организации
Во Македонија менторските можности се неискористени II
Најнова оценка на Институтот за политички студии (ИПС) од Вашингтон
Анализата на војната во Ирак остава мрачна слика
Најновата оценка на прогресивниот екпертски тим, Институтот за политички студии (ИПС) од Вашингтон, е дека војната во Ирак претставува навистина лоша ивестиција, како за човечките животи, така и за даночните обврзници. Се разбира, освен ако не поседувате голем број акции во Халибартон или некоја друга компанија која се занимава со одбрана, безбедност или градежништво.
Граѓанска иницијатива на жените - ГИЖ, Свети Николе
Економско и политичко јакнење на жените
Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе започнала да работи во 2001 година како неформална група сос­тавена од шест претставнички на ло­калната самоуправа, синдикатот, бизнис секторот, медиумите и граѓанскиот сек­тор. Првичната идеја, како што ни рече претседателката на ГИЖ, г-ѓа Ири­на Поцкова, била да се иницираат активности на полето на економското јакнење на жената.