СЕУЛ
Антикорупциска конференција
Владата на Јужна Кореа од 25 до 31 мај ќе биде домаќин на 11 Меѓународна анти­корупциска конференција (ИАЦЦ) и Третиот глобален форум за борба против корупцијата и заштита на интегритетот, што ќе ги орга­низира Министерството за правда на Кореа.

НАНСЕН НАГРАДА ЗА БЕГАЛЦИ
Лауреат - Аналена Тонели
Италијанската хуманитарна работничка, Аналена Тонели, која посвети три декади помаѓајќи ги Сомалијците во непознатиот агол на Рогот на Африка, беше назначена за овогодишна добитничка на Нансен наградата за бегалции. Комитетот на Нансен за наградата ја одбра 60-годиш­ната Италијанка како признание за нејзината несебична посветеност во служба на заедницата во Сомалија, повеќето од нив бегалци и раселени лица кои се вратиле дома.
МАКЕДОНСКО ДВИЖЕЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КАНАДА
Реагирање за Извештајот на САД за Грција
Во Канада е активна невладината орга­низација - Македонско движење за човекови права во Канада (МХРМЦ), кое има и своја веб-страница: њњњ.мхрмц.ца. Неодамна, оваа организација реагираше во врска со Извештајот за Грција на САД, под наслов „Извештаи за практиките на државите за чове­ковите права - 2002: Грција“.