Донација
Црногорскиот амбасадор на СОС - Детското село му подари телевизор
Со донација од телевизор, амбасадорот на Црна Гора, Душко Лалиќевиќ, ги развесели децата од СОС - Детското село, сместено во скопската населба Ченто. Амбасадорот на Црна Гора, покрај телевизорот, на децата им подари и 45.430 денари, средства кои се собрани од новогодишниот прием во организација на Црногорската амбасада. Амбасадорот, со претставници од амбасадата, го посети СОС - Детското село Скопје каде што проследи претстава подготвена од децата
Меѓаши во партнерство со С&Т Проктер и Гембл
Подарени 6.121 шампони за деца
Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, во партнерство со С&Т Проктер и Гембл, на 14 февруари, во просториите на Меѓаши, организира акција за дарување на 6.121 шампони за децата сместени или згрижени во Дневниот центар за децата на улица