Велес
Зелената коалиција бара дислоцирање на Топилницата
Претставниците на граѓанските организации од Велес здружени во т.н. Зелена коалиција, на 17 јануари се сретнаа со членовите на Советот на Општината и побараа да се забрза нивната иницијатива за промена на генералниот урбанистички план во делот на локацијата на Топилницата за олово и цинк.
Во рамките на програмата за заштита на рисот
МЕД направи фотографии на балканскиот рис во националниот парк Маврово
Македонското еколошко друштво (МЕД) започна со реализација на втората фаза од „Програмата за закрепнување на балканскиот рис”, во која со употреба на само 4 „фотозамки”, успеа да направи фотографии од балканскиот рис за прв пат, не само во Македонија, туку и пошироко на Балканскиот Полуостров, со што се потврди дека балканскиот рис с$ уште постои во Македонија.