Порака до Стразбур
Велам Македонија
Мојата земја е Република Македонија. Јас сум граѓанин на Република Македонија. Културата ми е македонска, како и традицијата на мојата земја. Работам во македонска граѓанска организација. Говорам, како и моите претци, македонски јазик. По националност сум Македонец, како и другите мои сонародници кои се самоидентификуваат така насекаде во светот. И никој не може и не смее да ми го одземе тоа.
Реакција на повеЌе граЃански организации, медиуми и институции по повод Директивата ЕБ(2004) 05 на Советот на Европа
„Кажи Македонија“
“Кажи Македонија” – е наслов на кампањата што во земјава започна на 19 март под иницијатива на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот Евро Балкан, Економскиот институт, Инсти­тутот за македонски јазик, Институтот за национална историја, Институтот за социо­лошки и политичко-правни науки, ОХО, Транспарентност Македонија, Сојузот на историчарите, Фондацијата Институт Отво­рено општество Македонија (ФИООМ), неколку дневни весници и институции. Кампањата е реакција на Директивата ЕБ (2004) 05 на Советот на Европа од 2 март 2004 година за употреба на референцата “Бивша Југословенска Република Маке­донија” и за лицата кои припаѓаат на малцинството или кои зборуваат јазик на малцинството надвор од земјата за да се користат за сите цели во рамките на Советот на Европа.
Интервју: Проф др. Софијанка ГламоЧанин, претседател на организацискиот одбор на Кампањата “Пријатели на Клиниката за детски болести”
Граѓаните сакаат да донираат, но треба да ги потсетиме
Македонската јавност од ноември, минатата година, има отворена можност да се вклучи во исклучително значајната акција посве­тена на децата, нивното здравје и иднина. Кампањата “Пријатели на Клиниката за детски болести” успеа да го привлече вниманието на граѓаните од земјава, но и на престав­ниците на странските држави, на гра­ѓанските здруженија, на бизнис-сек­торот, уметниците, естрадните ѕвезди, медиу­мите...
ТЕМИС - ЗдруЖение на ЖениТЕ правници во Македонија
Во центарот на интерес - проблемот на трговијата со луѓе
Здружението на жените правници во Ре­публика Македонија ТЕМИС од Скопје е основано на 17 април 2002 година со цел професионална обука и размена на искуства во насока на унапредување на статусот на жената во општествениот и политичкиот живот. Во моментов ТЕМИС има 120 членови, а најголемиот број од нив се адвокатки.
Реализирана знаЧајна иницијатива на група граЃански организации
Македонија доби Граѓанска платформа
На 16 март 2004 година во Скопје беше основана Граѓанска платформа на Маке­донија, иницирана од група граѓански организации посветени на градење на граѓанското општество во земјава. Идејата за основање, во основа се темели на поврзу­вање на граѓанските организации во демо­крат­ска расправа на идеи, фор­мулација на предлози, слободна размена на искуства и меѓусебно поврзување за делотворна акција насочена кон постигнување вид­ливи резултати во општеството.
НВО И СОВЕТ НА ЕВРОПА
Правила за партиципативниот статус на меѓународните НВО во Советот на Европа II