ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ "ГАЗИ БАБА"
Прифатилиште "Надеж" за жртвите на насилство
анизацијата на организациите на жените на Македонија не учествуваше во светската кампања против семеј­ното насилство. Претседателката на оваа организација, г-ѓа Мирјана Димовска, како и претседателката на ОЖ - Гази Баба, Драгица Ристовска, со кои разговаравме, сметаат дека кусотрајни кампањи од овој тип немаат голем ефект и дека е многу поважно да се спрове­дува континуирана кампања за решавање на овој проблем. Односно, дека не е доволно за проблемот само да се зборува, туку да се прават конкретни чекори за негово „аморти­зирање”. Во таа насока е прифатилиштето „Надеж” и телефонот „Доверба” (173-424 и поштенски фах 157) на ООЖМ кои функци­онираат од минатото лето, основани од Организацијата на жените на Гази Баба.
ПО КАМПАЊАТА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО
Со зборувањето за проблемот, тој делумно и се решава

Крајот на минатата година во невладиниот сектор, секако, го одбележија активностите на жен­ските здруженија, а особено оние поврзани со меѓународната кампања против семејното насилство која траеше 16 дена, од 25 ноември до 11 декември. За тоа какви ефекти предизвика оваа кампања со нејзините пропратни активности разгова­равме со претседателката на Сојузот на организациите на жените на Македонија, г-ѓа Савка Тодоровска.
СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО НА РАБОТА
Кажете му "НЕ" на шефот
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ - СТРУГА
Македонско-албански етно средби
ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА "ЕЛ ХИЛАЛ"
Еманципација на жената Албанка

"Ел Хилал" започнува проект насочен кон надминување на погрешните толкувања на религијата и на некои традиционални норми кај албанското население