ПРЕКУ ПРОГРАМАТА ЦАРДС
Помош за Македонија, Србија, Црна Гора и КосовоНа почетокот на минатиот месец во Брисел, Европската комисија ја одобри Годишната програма за Македонија, Србија и Црна Гора и Косово. Во 2003, преку Програмата за помош на заедниците за реконструкција, развој и стабилизација (ЦАРДС), на Македонија и се доделени 38,5 милиони евра, наменети за реформите и за модернизација. Целта е да се поддржат институционалните и административните процеси во демократијата, економската реконструкција и градењето на граѓанското општество.
|  |
БАЛКАНСКИ МЛАДИНСКИ ПРОЕКТ
Студиски патувања за младите од ЈИЕБалканскиот младински проект за поддршка на младинскиот сектор во Југоисточна Европа, нуди можности за студиски посети на младинските НВО од регионот. Се нудат грантови за краткорочни студиски посети на идентификувани партнерски организации во земјите од Европската унија. |  |
ЕВРОПСКА КОМИСИЈА ПРОТИВ РАСИЗМОТ И НЕТОЛЕРАНЦИЈАТА
СРЕДБА СО МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈАЗа време на третата рунда низ државите-членки на Советот на Европа којашто ја спроведува ЕЦРИ (Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата), за време на посетата во Бугарија таа побара да се сретне со претставници на македонското малцинство.
|  |
ТУРЦИЈА
Дозволен влез за грчките КипраниТурција за првпат во историјата дозволи грчките Кипрани да влезат во нејзините простори. Ова, како што изјави премиерот на Турција, Реџен Таип Ердоган, е гест на добра волја кон владата на грчкиот Кипар, која инаку Турција не ја признава.
|  |
ВО АТИНА
ќе се изгради првата џамијаАтина, во пресрет на Олимписките игри, ќе изгради џамија, прва во овој град. Тоа воедно ќе биде првата џамија во Атина по 170 години. Јоргос Папандреу, министер за надворешни работи на Грција, изјави дека причината за изградбата на џамијата се Олимписките игри и дека Атина сака да им обезбеди можност на припадниците на муслиманската вероисповест кои ќе учествуваат или Ќе ги посетат Игрите, да ја практикуваат својата религија додека престојуваат во овој град. |  |
|