Јавна расправа за измените и дополнувањата на Законот за здруженија на граѓани и фондации
Организации од јавен интерес, најголема новина во ЗаконотЗдруженијата на граѓани и фондациите и други заинтересирани лица имаа можност да дадат коментари на нацрт-верзијата на предлог-измените и дополнувањата на Законот, пред тој да биде доставен до Владата на РМ |  |
|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Прес конференција на ФИООМ и ИДСЦО
Промовирана кампањата „Демократија? Никако без мене!“

Скопје, 11 март
Во организација на Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество (ИДСЦО) и Фондација Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), денес беше организирана прес конференција, каде беше промовирана третата фаза од проектот „Школа за демократија“.
Овој проект е најавен уште минатата година. Сега беше најавена последната фаза од него, кампањата. „Школа за демократија“ е проект за граѓанската едукација за демократија, кој има за цел да го зголеми знаењето на граѓаните за демократијата и да поттикне поголемо индивидуално и колективно учество во општествените процеси во Македонија.
„Во последните десет години доста зборувавме за демократијата и констатиравме дека сите различно ја разбираат. Кои се институциите на демократијата. Таа им припаѓа на граѓаните. Таа треба да биде дел од граѓанската свест, а без неа нема граѓанско општество. Демократијата подразбира процес каде треба да биде вклучено мнозинството“, рече меѓу другото Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ, на денешната прес конференција.
Во рамките на проектот е опфатена цела Република Македонија, а предвидени се 60 работилници во 36 населени места низ земјава. Целта на овие работилници е да се поттинат дискусии за демократската односно недемократската средина во којашто живееме, а преку нив да се зголеми општата свест за тоа што можат граѓаните да сторат за да ги подобрат своите животи и да создадат демократско општество.
Кампањата ќе биде спроведена од 1 март до 30 април оваа година. Во реализацијата на проектот се вклучени преку 150 активисти од невладини организации. Во рамките на проектот ќе бидат отпечатени „Десет тетратки по демократија“, во 70.000 примероци на седум јазици.
Проектот е имплементиран од ИДСЦО и ФИООМ, а финансиски поддржан од ДФИД, Британска амбасада.
Повеќе информации околу кампањата на www.demokratija.org.mk.
Г.Шабани

|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|