Коментар
И македонските граѓани можат да бидат оптимисти
Ова го покажува најновиот извештај за навремено предупредување на УНДП, кој со големо внимание на крајот од јуни беше проследен од медиумите во земјава. Истражувањето е спроведено од страна на „Брима галуп”, во периодот од 30 март до 4 април годинава, преку испитување по пат на репрезентативен примерок на 1.057 испитаници (821 Македонци и претставници на другите етнички заедници и 236 Албанци), од кои дури 45,3 испитаници биле оптимисти во однос правецот по кој се движи Македонија. Резултатите покажале и дека од 2006 година пораснала довербата на граѓаните во безбедносните институции на државата.
Дебата на глобалното граѓанско општество
Отчетност и одговорност за постигнување резултати
Кој сe треба да биде одговорен и отчетен? Зошто е потребно тоа? Кон кого првенствено треба да се остварува отчетноста? Дали граѓанските организации го практикуваат тоа што го проповедаат? Ова беа само дел од прашањата на кои повеќе од 1.000 претставници на граѓанското општетсво од над 100 земји од целиот свет дебатираа и бараа одговор од 23 до 27 мај 2006 година во рамките на 7. Светско собрание на ЦИВИКУС, кое се одржа во Глазгов, Шкотска.
Како е регулирано плаќањето данок кога се ангажира странско правно лице?
Даночен третман на задржаниот данок на добивка
Согласно со членот 29-а од Законот на добивка, доколку поинаку не е регулирано со меѓународните договори за одбегнување двојно оданочување, лицата кои вршат исплата на приходи на странско правно лице должни се при исплатата на приходот да го задржат и да го уплатат данокот на соодветната уплатна сметка истовремено со исплатата на приходот.
Новина во Македонија
Во Македонска Каменица се произведува првиот домашен биодизел
Здружението на лица со хендикеп „Ѕвезда” од Македонска Каменица веќе неколку години е единствениот производител на биодизел во Македонија. Производството е сe уште во експериментална фаза и е дел од проектот „Одржливо производство на биодозел од отпадно масло за јадење”, финансирано од ГЕФ, а горивото е наменето за Здружението на жени земјоделки „Агро-Винка”. Целокупната технологија според која се произведува еколошкото гориво е на Благој Михаиловски, претседател на „Ѕвезда”, кој заедно со својот брат, уште во средношколските денови се заинтересирал како од различни масла се произведува гориво.
погледи
Волонтеризмот, директно од терен
Волонтерски да се работи десет години во НВО - Друштво на родители за грижа за здраво поколение од Велес, е пред сe богато животно искуство, кое треба да се сподели со јавноста, во интерес на подобрување на волонтеризмот во Македонија.
Ненад Младеновски, претседател на АИЕСЕК во Македонија
Праксата е најинтензивниот начин на учење и стекнување искуство
Студентската организација АИЕСЕК (АИЕСЕЦ) во Македонија од март годинава доби уште една канцеларија во Скопје, во рамките на проект посветен на процесот на интеграција на младите во ЕУ.
концепти
Како учат возрасните?
Многумина од возрасните пре­ферираат да учат со помош на визуелно претставување на неш­тата. Еве неколку слајдови кои се користат за да се објасни циклусот на учење кај возрасните. За потребите на оние кои најдобро учат преку анегдоти, вклучени се неколку “приказни”.
ЈУБИЛЕЈ
85 години Стопанска комора
С топанската комора на Македонија прослави 85 години од своето основање и активно работење. Комората, која претставува најстара и најбројна асоцијација на бизнис-секторот во нашата држава, својот јубилеј го одбележа под името „Традиција, моќ, бројност” и со свечен собир на кој присуствуваа над 2.000 стопанственици и нивни бројни партнери и гости, меѓу кои највисокиот државен врв.
Соработка
Донациите им помагаат во самостојниот живот на децата без родители
Здружението на децата без родители од детските домови на Република Македонија „Иднина” од Скопје во соработка со „Т - Мобиле” организира хуманитарна акција за помош на децата без родители, кои ги напуштаат детските домови. Се собираат пари, облека и покуќнина за полнолетните штитеници кои оваа година ќе мораат самостојно да зачекорат во животот, а поради законска обврска по навршувањето на 18 години да ги напуштат домовите за деца без родители
публикации
Прирачник за граѓански организации – извори на финансирање од Европската Унија
Српско граѓанско општество
Ќорсокак во Србија: Спиралата на радикализмот или основање на нова Србија?
Главниот исход од тркалезната маса беше тоа што граѓанските организации го сфатија членството во ЕУ како единствен реалистичен изглед за Србија. Секако, членството целосно зависи од формирањето цврста и стабилна влада, подготвена целосно да соработува со МКТПЈ и да го манифестира потенцијалот на Србија и добрата волја на ЕУ кон земјата. Потоа се одвиваше тркалезната маса, а како резултат на тоа и судирот на српските НВО за кој се станува збор подолу.