Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Тема

   

СТО ГОДИНИ ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА

Век на борба за идентитет и за демократија

 
Сонот изразен уште со Крушевскиот манифест - држава во која рамноправно ќе живеат Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите и сите кои имаат корени на ова тло, се оствари. Во колкава мера тоа беше остварено благодарение и на граѓанската иницијатива, е прашање кое сакавме да го зачнеме со овој текст, и можеби да провоцираме исцрпно истражување на оваа тема
 
Маријана Иванова

 
Зарем не почна се’ од оние групи интелектуалци кои се собираа околу Даме Груев, Гоце Делчев, Петар Поп-Арсов и други, и разговараа за големиот  копнеж за македонска државност, барем накусо за првпат остварен на Илинден 1903? И уште пред тоа, од гимназијалците Ѓорче Петров, Пере Тошев и нивните другари, кои креваа бунтови “против језуитскиот систем на воспитание”? Или од занаетчиите, кои им се придружија на младинците во бунтовите против Егзархијата?

А можеби се’ почна уште порано, кога така­наречената Словенско-македонска книжевна дружина на Ѓорѓи Пулевски си постави за цел да ја прероди народната „рајата“ и „ѓаурите“, кои полека но сигурно, со комитските акции ја втемелуваа идејата за слободна македонска др­жава и го градеа идентитетот на македонскиот народ.

Прославата на сто­го­диш­нината од големата маке­донска епопеја за соп­стве­ниот идентитет не’ наведе да размислуваме во таа насока - колку во борбата за маке­донската државност имала вли­јание поттикнувачката сила на граѓанската ини­цијативност. Ако нештата ги гледаме пошироко од рам­ката која ја нудат архивите и исто­ричарите, во ини­ци­јаторите и поттикнувачите на реализацијата на тој копнеж, кој одамна тлеел во душата на македонскиот човек, лесно можеме да пре­познаеме граѓански активизам. 

Моќта на самоницијативноста

Тајните друштва и кружоци, кои како сво­евиден пандан на сегашните граѓански здруженија, се формирале во текот на 18-19 век, нужно биле ориентирани околу тогаш најсуштинското прашање - создавањет држава на Маке­донците и ослободувањето од аспирациите нивната земја и самите тие да се претстават како Бугари, Срби или Грци. Младите Македонци кои кон крајот на 19 век студирале во Софија, собрани околу Петар Поп-Арсов и Ѓорѓи Баласчев ја создале „Младата македонска книжевна дружина“, која го издавала весникот „Лоза“, денес познат како пропагатор на македонскиот јазик, упо­тре­бувајќи ги неговите елементи и осо­бености кои јасно го разликувале од бугарскиот јазик. „Лозарите“ всушност биле граѓани акти­висти, собрани околу неколку граѓански лидери, кои спроведувале своја, јасно определена цел. Тие се стремеле да го реализираат својот проект кој бил чекор кон отварувањето на нивната визија.

Принципот на кој функционирале тие друштва не се разликува од оној на кој функционираат друштвата каде било и кога било - сите тие претставуваат форми на здружување на гра­ѓанските идеи, енергија и желби да променат и подобрат нешто од, помалку или повеќе, широк општествен интерес. Клучните зборови - активисти, лидери, цел, проект, визија - се дел од препознатливата терминологија на гра­ѓанските здруженија.

Кузман Шапкарев самоиницијативно го со­бирал фолклорното наследство на Маке­донскиот народ. Истото го правел уште еден голем граѓанин - Марко Цепенков. Галичанецот Ѓорѓи Пулевски, пак, се нафатил со тешка работа и издал речници, граматика и песнарки на македонски јазик. Со својата граѓанска ини­цијатива, тие, како и многумина други, придонеле во јакнењето на самодовербата и градењето на идентитетот на Македонкиот народ.

Сите овие иницијативи воделе неминовно кон 1903-тата и нејзината најголема придобивка - Илинденското востание и краткотрајната, но голема Крушевска Република.

 Младински активизам

Ако Илинденското востание можеме да го сметаме како плод на граѓанска иницијатива, а Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Крсте Петков Мисирков, Ѓорче Петров, Никола Карев, Петар Поп-Арсов, Пере Тошев и многумината други, како граѓански лидери, тогаш гра­ѓанското движење полека струи и по крваво задушеното востание.

Неминовно, во периодот пред и по Илин­денското востание, граѓанските здруженија имале политичка обоеност. Слично како што денес граѓанските здруженија се стремат кон оп­штес­твени промени - демократизација на општеството, социјална правда, добро вла­деење, интеграција на мар­ги­нализираните групи, помирување и соработка, тогашните активности биле насочени кон клучни промени, но во тоа време тие најчесто можеле да се изведат со политички методи, или пак по револуционерен пат.

Такви биле и социјалистичките групи на Васил Главинов, Димо Хаџи Димов и многу кои ги обединувале и мотивирале работниците, кои организирале штрај­кови, барајќи социјална правда. Ник­нувале синдикатите на чевларските, метал­ските, трговските, шивачките и другите синдикати, кои ги застапувале правата на работниците. Бурната историја довела до Младотурската револуција со нејзиниот релативен мир во кој се јавило значајно културно-просветно движење, се формирале многу учителски друштва културни здруженија, се развила печатарската дејност. Балканските војни, со Лондонската мировна конференција и, особено, Букурешкиот мировен договор, донеле повторно големо разочарување за македонскиот народ и за другите етнички групи кои жи­вееле на овие простори.

Настапила и завршила Првата светска војна, а периодот меѓу двете светски војни го обе­лежува младинскиот активизам. Младите работници и студенти формирале повеќе синдикални, културно-уметнички и спортски друштва. Во нив се ширеле со­ци­ја­л­истич­ките идеи кои по­доцна стануваат стожер на една силна струја, со напредни и авангардни млади интелектуалци. Тие постојано, како црвена нишка го про­вле­куваат македонското нацио­нално прашање, кое најсилно се изра­зува во организацијата составена од студенти и млади интелектуалци - познатата МАНАПО (Маке­донски народен покрет), каде се јавува силна антифашистичка активност.

Втората светска војна е повторно во знакот на силна граѓанска активност. Партизанската борба, иако политички водена, е поддржана од широкото граѓанство. Граѓаните на нај­раз­лични начини се вклучиле во ослободителната и антифашистичка борба, која конечно доведе до копнежот - македонска држава. Сонот изразен уште со Крушевскиот манифест - држава во која рам­ноправно ќе живеат Македонците, Ал­бан­ците, Турците, Власите, Ромите и сите кои има­ат корени на ова тло, се оствари. Во колкава мера тоа беше оства­рено благодарение и на гра­ѓанската ини­цијатива, е прашање кое сакавме да го зач­неме со овој текст, и можеби да провоцираме исцрпно истражување на оваа тема.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 29 Јули-Август2003
Балкан експрес
Европа
Настани
Свет
Публикации
Луѓе
Историјат на граѓанското општество
Тема
Интервју
Форум
Коментар
Писма од читатели
Концепти
Q&A
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 
 

©MCMS - designed by KOMA