Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Концепти

   

Партнерство (I)

Создаваме „терен“ за соработка

Во последно време зборот партнерство почна да го губи своето значење. Партнерството представува процес на создавање релации, кој е заснован на низа принципи и вредности. Во овој и во наредниот број на „Граѓански свет“ ќе ви го презентиреаме концептот на градење партнерства во контекстот на невладино организирање.
Успешно партнерство се создава кога  партнерите се во состојба да се договорат за заеднички цели, задачи и посакуван исход кој ќе ги задоволи интересите на сите партнери, а може да биде постигнат подобро, побрзо или поефикасно доколку тие ги соединат своите напори. Партнерите можат да внесат различни работи во партнерството: услуги, добра, фондови, капацитет за спроведување, обука, легитимитет, публицитет, информации. Партнерите не секогаш внесуваат исти работи и немаат подеднакво учество. Тие најчесто внесуваат комплементарни ресурси, зависно од својот капацитет. Но без оглед на уделот и компонентите што ги внесуваат, една од најважните работи што секако мораат да ја внесат е довербата едни во други.
 
Како се градат партнерства?
Основните чекори во градење успешно партнерство се:
 Оценка на сопствениот потенцијал како партнер
 Создавање “терен” за партнерство
 Сопствено презентирање како партнер
? Барање партнер
 Разјаснување на очекувањата од партнерството
 Ефектуирање (спроведување) на партнерството
 Надградба врз стекнатото искуство

Оценка на сопствениот потенцијал како партнер
Секогаш кога сакаме да работиме на некој проблем најпрвин треба да направиме реална проценка на сопствените потенцијали дали сме кадри да го правиме тоа, а доколку тоа го правиме во партнерство, дополнително треба да ги процениме и своите потенцијали во улогата на партнер. Оценката треба да биде сеопфатна и не се однесува само на организацискиот капацитет, туку треба да вклучи и оценка на нашиот легитимитет да се зафатиме за проблемот, нашиот кредибилитет, вредностите кои ги негуваме, односите со другите актери. Посебно е важно да процениме што е она што е единствено и карактеристично за нашата организација, а ќе претставува значајна вредност за идното партнерство.   

Создавање “терен” за партнерство
Партнерството бара предходни подготовки. Без оглед на тоа од каде потекнува иницијативата за партнерство, неопходно е да се направат неколку чекори за да се создаде “терен” за соработка:
• да се оствари средба на сите страни засегнати со проблемот кој ќе го третира партнерството;
• да се приберат податоци за контекстот;
• да се проверат можностите за искористување на ресурсите на веќе постоечките мрежи.
Создавањето на “терен” помага да се дефинираат или редефинираат идеите за активностите и можното партнерство. Добрата подготовка создава добра основа за преговарање. 

Сопствено презентирање како партнер
Како што идеите и намерите стануваат појасни ќе треба да се размисли како е најдобро да се презентираме себеси како партнер. Добро е идеите да бидат документирани. Документацијата може да биде во работна верзија и не е потребно да ги содржи одговорите на сите прашања. Таа може да вклучува прашања и ризици кои треба заеднички да се разгледаат и дебатираат. Документацијата всушност треба да биде поддршка на процесот на создавањето на партнерство.

Барање партнер
Во теоријата идеален партнер е оној кој ги дели вашите цели и има соодветни ресурси, но во праксата тоа не мора да биде така. Некои партнери, дури и со најдобри намери, може да ветат многу повеќе од она што навистина можат да исполнат. Многу е важно правилно да се оцени што може партнерот да понуди.
При идентификувањето на партнерите треба да се земат во предвид следните работи:
 Заедничка “агенда”
 Дали вие и вашиот партнер се сложувате околу заедничката цел? Дали делите заеднички вредности во вашето работење? Доколку не, дали можете тоа да го прифатите и да ги интегрирате различните работни стилови? Која е мотивацијата на вашиот патнер да соработува?
 Доверба и почитување
 Дали вие и вашиот партнер си верувате и се почитувате еден со друг, или допрва мора да работите на стекнување на доверба и почитување? До кој степен ви е познат вашиот партнер?
 Организациски капацитети
 Што може вашиот партнер да испорача? Дали партнерот има искуство во областа која е од интерес? Што знаете за раководството, активистите и персоналот на вашиот партнер?
 Подготвеност да се извршат задачите
 Дали вашиот партнер е подготвен за партнерството? Дали постои консензус во организацијата на партнерот - што е она што тој ќе го изврши? Дали партнерот може да го исполни ветеното со постоечкиот организациски капацитет или ќе биде потребно време за организацијата да се мобилизира и да го обезбеди потребниот организациски капацитет? Дали вашиот партнер е реален за својата подготвеност да ги изврши задачите?
 Посветеност на ресурсите
 Какви ресурси вашиот партнер може да вложи во партнерството? Дали тие ресурси се финансиски или во добра? Дали ресурсите вистински се посветени на партнерството или пак само формално? Кога ресурсите ќе бидат на располагање и колку долго?
 Водство и координација
 Дали вие или вашиот партнер имате очекувања дека ќе има водечки партнер или координатор? Доколку е така, од кого се очекува да ја води или координаира соработката? Дали постои капацитет за водење или координирање во една од партнерските организации или истиот треба да се развива?
 Комплементарност
 Дали постои комплементарност меѓу вас, вашите партнери и она што секој од вас го внесува во партнерството? Кој ќе биде соодносот меѓу партнерите во однос на спроведувањето, обемот на вклучените ресурсите и географското покривање? До кој степен вие и вашите партнери се надополнувате еден со друг? Дали имате потреба да побарате дополнителни партнери кои ќе го обезбедат она што вие не сте во состојба да го обезбедите?

Подготвила: Сунчица Саздовска
(Користен материјал: “Building donor partnerships”, Terrice Bassler and Mabel Wisse Smit)

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 25 Март 2003
Настани
Коментар
Писма од читателите
Тема
Интервју
Публикации
Погледи
Концепти
Појмовник
Q&A
Форум
Претставување
Донатори
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA