КАЛЕНДАР
30 јули–3 август
Слатина 2001 Во организација на еколошкото друшрво „Треска” од Македонски Брод и спелеолошкото друштво „Пеони” од Скопје, во околината на македонски Брод ќе се одржи еко-спелеолошкиот камп „Слатина 2001”. На кампот ќе учествуваат здруженија кои работата во областа на животната средина од Македонија. Ќе се одржат повеќе предавања, работилници, ќе се чисти околината и ќе се поставуваат ознаки, корпи за отпадоци и друга опрема. 2-7 август
Плавица 2001 Еколошкото друштво „Злетовица” од Пробиштип го организира еко-кампот „Плавица 2001”. Овој камп е меѓународен и традиционален – годинава се о0држува трет пат. Учесниците ќе учествуваат во повеќе активности: предавања, работилници, чистење и уредување на околината. 31 август– 2 септември
Тренинг за лобирање
Холандската организација Milieukontakt Oost Europa ќе организира тренинг за лобирање во областа на животната средина. Тренингот ќе се одржи за формира- ната лоби-група, составена од претста- вници на неколку здруженија на граѓани, која во рамките на активностите за имплементација на Архиската конвенција ја иницираше Македон- ската канцеларија на Регионалниот центар за животна средина за централна и источна Европа. Како тренери се ангажирани претста- вници од Lobby Facility од Полска.
|