НВО КОНГРЕС
Што можеме да направиме за нашата заедница
На 18 февруари годинава, во Куманово се одржа локална промоција на резултатите на проектот „НВО Конгрес“, под наслов „Што можеме ние да направиме за нашата заедница?“ Тоа беше можност претставниците на невладините организации, локалните самоуправи и медиумите од Куманово, Крива Паланка, Липково и Кратово да разговараат за решенијата на локалните проблеми и за локалниот развој.
Приоритетните проблеми на овие општини се депониите за цврст отпад, загадувањето на реките, образованието на децата од социјално загрозените семејства, последиците од неодамнешните поплави и друго.
Овој проект, кој го организираат ФИООМ и Советот на меѓународните НВО, а го финансираат ЦРС, УНХЦР и ФИООМ, кон крајот на минатата година опфати повеќе дебати и панел-дискусии на територијата на целата Македонија. Препораките и согледувањата на граѓаните, локалните самоуправи и НВО & беа доставени на Владата на РМ.
М.И.
|