Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Избор

   

Иднината на евроинтеграцијата (2)

Економија, имиграција и национализам

Многу Европејци станаа претпазливи токму на тој вид “крут” јазик. Експертите веднаш беа обвинети, исто ка­ко и неверојатната должина на текстот на Уставот (191 страница на француски, 230 на холандски), што придонесе за непо­врзаноста помеѓу Брисел и “вистинската” Европа. Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, во едно интервју за Јуроњус (Еуронењс) рече: “Се прашувам дали можеби не треба самите да се запрашаме, дали сите ние, на европско ниво, сторивме с$ што беше можно за да покажеме што  може да понуди Европа”, и забележа дека уставот станал “еден вид жртвено јагне за проблемите на сите”.

Според британскиот премиер Тони Блер, најевидентните и најчести проблеми се бавниот економски развој и високиот степен на невработеност во цела Европа. “Под сево ова се крие едно многу под­лабоко прашање, кое се однесува на иднината на Европа, а особено на европската економија и како се справуваме со модерните прашања како глобализацијата и технолошките промени”, рече Блер во седмиот месец од падот на еврото наспрема доларот.

Навистина, во уводникот на Њујорк тајмс (Нењ Ѕорк Тимес) се зборува за “губење на заедничкото тло помеѓу бизнис и политичката елита и обичните лу­ѓе: работниците, земјоделците и си­ро­машните, кои го дадоа мнозинството гласови “против” во Франција. Стивен Перлштајн од Вашингтон пост (Њасхингтон Пост) про­дол­жу­ва на истата тема. “Во текот на последните неколку месеци, по­ли­тичката и економската реторика во овие земји го издаде широко распространетото верување во големата низа економски лаги: дека постои фиксна побарувачка на труд, дека постои конкуренција којашто не признава постоење на ништо друго освен победник во натпреварот, дека трговијата е трка до дното и дека просперитетот во голема мера зависи од добросостојбата на производителите, а не на потрошувачите”, пишува тој во својата колумна, напаѓајќи многу од длабоко вкоренетите ставови карактеристични за некои делови од Европа. “Она што особено недостасува од Европската економска дебата е какво било ценење на централноста на иновацијата како извор на просперитет и растеж”. Другиот елемент цитиран често пати од страна на глобалните медиуми по повод овонеделното “против”, е зголемена атмосфера на страв. Поимот се користи како шифра за аверзијата кон имиграцијата од Северна Африка и новите земји членки од Источна Европа, како и големото спротивставување на влезот на Турција во Унијата. Хавиер Солана, шефот на надворешната политика на ЕУ, стравува дека можеби токму таа ментална состојба е заразна. “Животот про­дол­жу­ва”, изјави тој за Њујорк тајмс. “За мене, најлошото што би можело да се случи е ако, како последица од тоа, вие, или граѓаните на Европската Унија, или пак лидерите на Европската Унија, навлезат во зоната на една парализирачка психологија”.

Иднината на уставот

Веќе постојат гласишта за откажување на идните референдуми за уставот, кои се очекуваше да се одржат во Велика Британија и во девет други земји, по резултатите во Франција и во Холандија. И иако 10 од 25-те земји членики на ЕУ веќе го ратификуваа уставот во Парламентот и од уште три се очекува да го сторат истото, иднината на документот, кој треба да биде потпишан од сите 25 членки, останува неизвесна.Правните експерти истакнуваат дека европските лидери с$  уште можат да изберат некои од попопуларните елементи на уставот и да изготват еден вид “мал устав”, што сепак не е толку веројатен чекор за кој би можело да се преговара со години. Други, пак, укажуваат на јазикот на почетниот договор, потпишан во 2004 година, кој дозволува проблемот да се “разгледува во Европскиот совет”, доколку 20 од 25-те членки го ратификуваат во период од две години. Како Европскиот совет би се справил со таков случај, останува да се види, но сигурно е дека пра­ша­ње­то ќе доминира на претстојниот самит на ЕУ, предвиден за крајот на месецот во Брисел. Каква и да биде иднината на уставот, не е изгубена сета надеж за Европа. Вашингтон пост извести за една спроведена анкета според која 83 проценти од испитаниците во Франција разговарале за уставот неделата пред гласањето, а половината од бес­т­селерите во Фран­ција за време на анкетирањето би­ле поврзани со договорот. Во Хо­лан­дија темата за иднината на ус­тав­от беше при­ме­на од јавноста ка­ко тема за “просветлени” разговори при поење на стоката (тоа е во суштина иронија­та); притоа холандскиот електор­ат излегуваше да го даде својот глас со највисок степен на “морална учтивост”. На­вис­тина, вра­ќа­ње­то кон работните маси би било ток­му она што е пот­реб­но за да се обезбеди создавањето на Европа за Европејци, кои се зафатени од процесот.

Ова е сепак п одобро отколку војната за отцепување, каква што постоеше едно време во САД”, рече поранешниот претседател на Европската комисија, Романо Проди, во еден извештај за Њујорк тајмс, осврнувајќи се уште еднаш на американското искуство. “Ние немаме договор (примирје), но исто така немаме ни војни”. Ова можеби е вистина, но без сомневање, битката околу уставот врие низ целиот континент,  а многумина ја гледаат и со жив интерес го исчекуваат исходот. Како што велат аналитичарите на Стратфор.цом., “Европа, за првпат по паѓањето на Берлинскиот ѕид, ќе стане многу возбудливо место”.


2 јуни 2005, од Роберт Нолан, Асоцијација за надворешна политика

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA