Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 76  Тема

Се одржа шестиот НВО Саем – Форум на граѓанското општество

Еднакви можности за сите

Еднакви можности за сите”, ова е носечката тема на годинешниот шести Форум на граѓанското општество, кој се одржа од 16 до 17 ноември, оваа година, на Скопскиот саем. Фокус-земја беше Република Бугарија. За првпат годинава Македонскиот центар за меѓународна соработка го организира НВО Саемот како дел од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија.

“Различни, а еднакви не е само моментален тренд, туку историски предизвик на човечката цивилизација”, рече во своето обраќање Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС. “Плурална (разнолична) Македонија направи повеќе чекори за еднаквите можности, како што е Охридскиот рамковен договор. Време е за ’нов рамковен договор за сите’: еднакви можности и недискриминација за сите. Време е за интеграција на различните борби и движења за еднаквост по која било основа во пошироко движење за еднакви можности на сите и недискриминација. Со тоа ќе дадеме клучен придонес во зацврстување на граѓанско-либералните вредности и на зацврстување на Македонија како држава на сите граѓани”, рече Клековски. “Потребно е да ги јакнеме постоечките институции за заштита од дискриминација, како Народниот паравобранител и судството. Потребно е ново национално тело/комисија за човекови права (или еднаквост или антидискриминација). Во Европската година за еднакви можности за сите, исто така, мораме да побараме еднаквост за Македонија. Спорот со Грција не само што не може да биде мултилатерален, туку не може да биде ниту билатерален спор, бидејќи не може да биде спор правото на самоопределување и слобода, правото на своја култура и идентитет. Само еднакви можеме да бидеме членови на Европската Унија (и НАТО)”, додаде Клековски.

Во името на Бугарската национална платформа за развојни организации и учесниците од Бугарија, зборуваше Ивона Кожухарова. “Ние од граѓанскиот сектор треба да ја играме улогата на амбасадори за подобри односи меѓу нашите земји”, рече таа.

Ерван Фуере, специјалниот претставник на Европската Унија и шеф на Делегацијата на Европската комисија, рече дека не може да имаме добри политики и добри одлуки без консултации и без потполно учество на тие врз кои ќе влијаат овие одлуки. “Од суштинско значење е да се зајакне развојот на моделот за учество на граѓанското општество како предуслов за демократскиот и социо-економскиот развој на општеството”, рече Фуере.

“Граѓанскиот сектор е совеста на едно граѓанско општество”, рече, во своето обраќање, претседателот Бранко Црвенковски. “Невладиниот сектор организиран од невладините организации е предуслов за создавање вистински силен и ефикасен граѓански систем. Извесноста на овој сектор треба да ја бараме во решавањето на неговата одржливост”, додаде претседателот, на свеченото отворање на НВО Саемот.

Веднаш по свеченото отворање на НВО Саемот – 6 Форум на граѓанското општество во Македонија, гостите ги посетија штандовите на граѓанските организаци.

“Заедно за еднаквост – стратешка рамка за заедничка акција за борба против дискриминацијата / бугарски искуства за антидискриминација”

Панелот “Заедно за еднаквост – стратешка рамка за заедничка акција за борба против дискриминацијата/ Бугарски искуства за антидискриминација”, одржан во организација на Куќата на човековите права на Македонија, пред мал број присутни слушатели и учесници, на површина ги изнесе актуелните состојби со дискриминацијата во Македонија и во Бугарија, чиј заеднички именител беше потребата од поголема едукација на граѓаните, подигање на свесноста за постоење на проблемите, работа на правните рамки.

 Воведничарката Мирјана Најчевска го коментираше малиот одѕив на присутните како одраз не само на незаинтересираност, туку и како степен на незнаење што с$ се подразбира под поимот дискриминација во Македонија денес, презентирајќи ја и фактичката, неповолна уставна рамка со затворена листа, која содржи само 9 основи за дискриминација и е помала од т.н. отворени европски листи.

Како илустрација на бавното менување на свеста, беше посочен развојот на иницијативата за донесување закон за недискриминација, кој од  2004 година  с$ уште не е на дневен ред во македонскиот парламент, а како обид за забрзување на работите, веќе оформеното Координативното тело за размена на информации и за развој на концептот за антидискриминација и иницирање институционална рамка.

Лулзим Хазири, од Асоцијацијата за демократски иницијативи,  ги презентира досегашните позитивни резултати во спроведувањето на Рамковниот договор,   во надминувањето на одредени основи на дискриминација во Македонија, укажувајќи и на потребата од понатамошна работа на тоа поле.

Нели Кирјакова, претседателката на организацијата “Евроинтеграција” од Бугарија, ги презентира искуствата во изработката и спроведувањето на бугарскиот закон за антидискриминација, кој е оформен од 2004 година и до денес континуирано се надополнува.

 

Изложбен дел

На годинешниот НВО Саем вкупно 128 граѓански организации, цркви и верски заедници, владини и меѓувладини организации ги презентираа своите активности на штандовите во изложбениот дел. Од нив, 10 организации беа од Бугарија. На штандовите можеа да се видат летоци, брошури, публикации, преку кои организациите ги презентираа нивните активности.

Организациите саемот не го искористија само за презантација на нивните активности, туку и за размена на идеи и наоѓање партнери за идните идни проекти.

“Добра е организацијата, ама посете­носта е мала. Мислам дека немаше доволно информации во медиумите за одржувањето. Добро е што одвреме на­в­реме можеме да се информираме и да видиме што работат невладините организации, бидејќи гледам имаат доста меѓународни проекти, работат со странски донации, користат фондови и мислам дека би можеле да бидат многу од корист за нашата држава. Сепак, не знам дали некој од Владата го посети саемот да се информира за нивната работа”, ни кажа Андреј Ристевски, студент од Скопје.

Цвета Павловска, пензионерка, рече дека е “добро е да се види дека граѓанските организации работат и дека се активни во своите области”. “Секоја година се информирам за новините, бидејќи и јас сум активист на една од нив. Задоволна сум од организацијата на овој саем, самиот по себе е добра идеја и треба да се разработува и понатаму. Мислам дека има доста организации кои се помали и не можат да се претстават, па може да се најде некој начин да им се даде шанса. Можеби треба да има и повеќе помали дискусии, па и избор на најдобар проект претставен на саемот и слични  работи кои ќе го привлечат вниманието на посетителите и на организациите”.

Саемот го посетија ученици од основните училишта. За миг искористивме да ни го каже нејзиното мислење и единаесетгодишната Мила Павловска, која кажа дека на саемот доаѓа по првпат.

“Многу сум задоволна од тоа што најдов тука. Има голем број книги, брошури, сликовници и други материјали од различни области кои се интересни за мене. Има доста материјали кои ќе ми се најдат за проекти и семинарски работи кои се работат во училиштето, за екологија, за климатски промени, за правата на децата и други. Зедов од с$ по нешто, а можеби подоцна и ќе ми требаат за контакти со организациите. Досега не сум знаела дека има толку многу невладини организации”, ни рече Мила.

Инаку на НВО Саемот го посетија околу 4.000 граѓани, кои имаа можност да се запознат со работата на граѓанските организации и другите институции присутни на НВО Саемот.

 

Форумски дел

Шестиот форум на граѓанското општес­тво во Македонија понуди  24  настани, вклучувајќи панели, тркалзни маси, презентации и промоции. Заинтересираните можеа да учествуваат на панелите кои се однесуваа на стратешката рамка за заедничка акција за борба против дискриминацијата, вклучувањето на малите малцинства, етичкиот кодекс во граѓанското општество, инклузивноста на македонското општество. Исто така, можеа да продискутираат и за спроведувањето на законот за волонтерство, даночните закони, Ромите и ромските населби итн. Форумските настани ги посетија околу 400 граѓани.

 

Политичарите во Македонија не даваат позитивен пример во почитувањето на законите

“Овде играјте според правилата, значи играјте според моите правила. Во Македонија елитата која ги донесува законите веќе 16 години не ги почитува. Тие се напишани од елитата за елитата. Тоа е војна меѓу политичарите и граѓанството, која во други држави завршува со револуции. Во Македонија граѓаните веќе 16 години се мирни и чекаат промени со консензус. Овде нема позитивни примери дека почитувањето на законот е добро”, истакна Сем Вакнин, на панелот “Играј според правилата, почитувај го законот”, организирана од Генезис, во рамките на истоимената кампања поддржана од ОБСЕ.

Според Вакнин, постојат неколку критериуми за добар закон. Тоа, пред с$, се недвосмисленоста, праведноста, праг­ма­тичноста и правичноста. Законот треба да се применува еднакво за сите, не смее да брани посебни интереси на посебни категории луѓе, да буде етичен и во согласност со меѓународниот морал и со меѓународното право. Ако законот не ги исполни овие критериуми, тогаш граѓаните ќе се спротивставуваат на неговата примена. Тоа, според Вакнин, се случува во Македонија со спроведувањето на поголемиот дел од законите.

“Проблемот на непочитувањето на правилата и законите лежи во тоа што во процесот на транзицијата никој не понуди причина зашто тие би се почитувале”, рече дискутантот Зоран Јачев. Исто така, според него, не постои систем кој гарантира дека тие што не го почитуваат законот, ќе бидат казнети, односно дека непочитувањето е неисплатливо. 

Волонтерството е корисна дејност за волонтерот, за опШтеството и за организациите

Законот за волонтерството кој е донесен во јули, годинава, е уште едно приближување на Македонија до Европската Унија, беше истакнато на панелот посветен на Законот за волонтерството, организиран од Младинската алијанса, Тетово и од ПДАС Меѓаши. Како што истакна Златко Талески, од Младинскиот културен центар од Битола, законот предвидува дека волонтерската работа е општествено корисна дејност и со своите одредби ги стимулира волонтерските активности.

“Законот предвидува повеќе важни категории,  како дефинирањето кој може да биде волонтер, возраста на волонтерите над 18 години, но со дозвола од родителите и малолетни од 15 до 17 години, како и каде може да се волонтира”, истакна Талески. Според него, законот дава слобода за стимулирање на волонтерската работа во граѓанските организации, во државните институции и во верските заедници. Со законот се уредуваат и категориите волонтерски договор и волонтерска книшка. Договор потпишува секој кој волонтира повеќе од 40 часа месечно, а неговото искуство се впишува во книшката, која е официјален документ за потврда на искуството и вештините, истакна Талески.

Присутните дискутанти заклучија дека волонтерството е дејност која придонесува за личен развој, за развој на заедницата, како и на организацијата. Корист имаат младите кои се невработени и стекнуваат искуство, вработените кои го пополнуваат слободното време, како и пензионерите кои продолжуваат со општествено корисната дејност. Сите податоци кои треба да ги знае еден волонтер, се сместени во Водичот за волонтирање издаден од Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

 

На граѓанските орга­низации им треба етички кодекс

“Етички кодекс во граѓанското опш­тество” беше насловот на панелот на кој, како што забележаа дел од присут­ните, повторно заинтересираност за офор­мување прв кодекс од ваков вид покажаа мал број претставници на граѓанските организации, односно на Граѓанската платформа на Македонија, каде во неколку наврати во изминатата година прашањето, без голем успех, било отворано. Организатор на панелот беше ЦСИД “Форум”, а презентерите Ѓунер Исмаил, Сашо Клековски и Катерина Хаџи-Мицева ги разменија своите досегашни согледувања за потребата од споменатиот кодекс, споменувајќи и примери за не(оформени) кодекси и во другите земји, не само од регионот, туку и од другите континенти. Ѓунер Исмаил укажа на потребата од постоење на кодексот како резултат на  досегашното високо ниво на  спонтаност во организирање на граѓанските организации во земјава, а Саемот на НВО го сметаше за вистинско место за дебата.

“Етичкиот кодекс е израз на самодисциплинирање, но ние по една година не успеавме  да дојдеме до негово оформување” – укажа Сашо Клековски, според кого кодексот е потребен и  заради одржливост на организациите и нивната иднина, заради  заштита на професионалноста на луѓето кои работат во нив, заради градењето на кредибилитет пред финансиерите на нивните активности. Катерина Хаџи–Мицева ги презентира познатите форми на кодекс, укажувајќи дека оформувањето треба да произлезе  од  покажаната потреба и желба на самите организации, а да не биде наметнато однадвор, од властите во земјата, од финансиерите, иако во светот  постојат и такви примери. Како земја за пример на постоење на етички кодекс кај граѓанските организации, на изненадување на присутните  беше посочена и Црна Гора.

Вклучување на малите заедници

“Малите заедници го добија вниманието на големите заедници и на јавноста со покренувањето на иницијативата за загарантирани места во Парламентот”, рече професорката Мирјана Малеска, во своето обраќање на панелот “Вклучување на малите малцинства”. Според неа, најопшт заклучок е дека на национално ниво постои дистрибуција на власта од која се задоволни Македонците и Албанците, но не се задоволни малите заедници.

“Недостасува јавност во проблемите на малите заедници”, рече Илија Димовски, пратеник во македонското собрание. Според него, потребен е позитивен културолошки притисок врз јавноста и врз оние што одлучуваат. “Политичките проблеми не се секогаш и меѓуетнички и обратно. Постои тенденција политичките проблеми да се сведат на меѓуетнички”, додаде тој.

За Џеват Адеми, пратеник во македонското собрание, луѓето во Македонија малку се познаваат.

“Ова повеќе се однесува на Македонците”, рече тој, “ние, другите заедници, сме биле упатени едни на други и сме се запознале подобро. Некој рекол ’демократијата е скапа’, и така е. И мултикултурна Македонија чини, но тоа не е причина да ја нема”, додаде Адеми. Тој истакна дека ДУИ не е против законот за малите заедници, туку дека смета дека на Македонија $ е потребен нов модел, една изборна единица, без цензус за малите заедници, а 5 % праг за другите. Според Малеска, темата со која Македонија во иднина ќе се среќава е како да се постигне баланс, со уставни промени да се овозможи ограничување на власта на мнозинството. Ограничувањето на мнозинството треба да се направи по природен, доброволен пат. Во Македонија тоа не се случи на тој начин. Она што треба да се направи, смета Малеска, е нешто невозможно - “да бидеме подобри, потолерантни луѓе. Дали ќе можеме, останува да се види”, заврши таа.

 

Општеството ни е дискриминирачко, а не толерантно

Македонското општество е дискри­минирачко кон дел од маргинализираните групи, иако неговите граѓани велат дека е толерантно, велат добиените резултати од истражувањето кое на тема „Колку е инклузивно македонското општество” го спроведе Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија, испитувајќи го нивото на толеранција на граѓаните кон Ромите, хомосексуалците, проститутките, лицата зависни од дроги и опојни супстанции, лицата со интелектуална и телесна попреченост, лицата зависни од алхохол.

Истражувањето е произлезено од визијата на ФИООМ за интеграција на  Македонија  одвнатре, како предуслов за  интеграција  во Европа, а дел од добиените резултати говорат дека 60% од испитаниците не сакаат да се најдат во друштво со Ромите, 40% не знаат дали би сакале да се најдат во друштво со хоосексуалците, кои пак за соседи не би сакале да ги имаат дури 2/3 од испитаниците. Највисока негативна дистанца на соработка на  работна место е покажана кон корисниците на дроги и опојни супстанци,а  хомосексуалците не би биле добри шефови за 50% од испитаниците. Ова се дел од резултатите кои во иднина ќе бидат и отпечатени, но на презентацијата преовладуваше сликата дека зависниците од дроги и опојни супстанци се меѓу најдискриминираните, а беше презентиран и фактот дека за нив , дури иако се обезбедени потребните  финансиски средства однадвор, во неколку градови во земјава не се отвораат дневни центри за лекување, поради покажаниот тригодишен  отпор од страна на градските власти.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA