Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Погледи

   

Погледи

Влашкиот јазик и култура се дел од повеќето европски култури коишто се пат да исчезнат
 

На 22 мај 1905 година турскиот султан Абдул Хамид ИИ го потпишал декретот Ираде, со кој Власите за првпат беа признаени како посебен народ, со што им беа гарантирани сите основни човекови права.

Но, по завршувањето на Првата светска војна и новата гео­по­ли­тичка карта на Балканот, сите тие права им беа ускратени, со што започна културен геноцид врз Власите, кој се одвиваше с$ до прогласувањето на Република Македонија за суверена и независна држава. Со новиот Устав на РМ од 1991 година, Власите повторно се признаени како посебен народ, гарантирани им се основните човекови права и претставуваат конститутивен дел на македонската држава. Овде треба да се спомене и документот Препорака 1333 којшто на 24.06.1997 година беше усвоен од страна на Советот на Европа, со кој документ им се препорачува на сите европски зе­мји каде што живее влашко население да им гарантираат основни човекови пра­ва, да ги поттикнат и да ги стимулираат Власите да го сочуваат својот иден­титет, јазик и култура, како дел од по­ве­ќе­то европски култури.

Но, Република Македонија е единствената држава во светот којашто со Уставот ги призна Власите како посебен народ. Таа е првата држава којашто во по­но­ва­та историја на Власите (од октомври 1995 г.) им овозможи факултативно изу­чу­вање на влашкиот јазик како мајчин јазик во основните училишта во сите гра­дови каде што има поголема концентрација на Власи и единствена држава каде што Власите имаат право да се орга­низираат и политички. Како православен народ, Власите од јуни 2003 година имаат право на богослужба на влашки јазик во влашката црква Св. Константин и Елена во Битола. Македонската радио  и телевизија е единствената национална те­ле­визија во светот којашто емитува и емисии на влашки јазик, а Педагошкиот факултет од Штип е единствената високообразовна установа, каде што од неодамна влашкиот јазик се изучува како изборен предмет.

Затоа, очите на сите држави каде што живеат Власи треба да бидат свртени кон Република Македонија и да им биде пример како тре­ба да се почитуваат основните човекови права. Но, кај голем дел од влашката популација постои мислење дека сите тие права им се дадени само декларативно, бидејќи сето тоа во пракса се реализира многу тешко.

Неофицијално, денес во РМ живеат околу 100.000 Власи, некои од нив само знаат дека имаат влашко потекло, но не го зборуваат влашкиот јазик. Тие не се принудно асимилирани, туку доброволно интегрирани во општеството. Историски гледано, Власите придонесувале за развој на туѓите култури и цивилизации и во поновата историја никогаш не се стре­ме­ле за создавање своја држава. Велат, Власите се малку, но добро распоредени. Дали е тоа доволно да се констатира дека Власите ги ужи­ваат сите основни човекови пра­ва? Секако дека не. Правото произлегу­ва од поединецот, од индивидуата, но важно е дали заедницата како ко­лективитет ги ужива основните човекови права.

Значи декларативно, Власите во РМ имаат загарантирани права да го збо­руваат својот мајчин јазик, да го развиваат својот национален, културен и верски идентитет, да ги негуваат долгата традиција и своите национални вредности. Затоа се формирани и влашки асоцијации, граѓански организации и политички партии чијашто цел е борба за заштита на своите политички, економски и социјални права, но и воспоставување нови врски, пријателства и запознавање на јавноста со тоа кои се, што се, и колку придонеле Власите за развој на македонската др­жа­ва.

Про­цесот на глобализација е навлезен во сите сфери на оп­штест­ве­ното живеење, па тоа наедно треба да подразбира и запознавање на туѓите култури и цивилизации, во кои секако спаѓа и влашката култура, историја, традиција, обичаите... Дали треба да се најдеме во ситуација некој да ни рече: “Ти, Влаин си?” Е, ова е веќе премногу, во денешно време да не се знае дека станува збор за Влав, а не за Влаин. Зарем с$ уште има такви кои не знаат кои се Власите? До кога Власите ќе треба да го докажуваат својот национален идентитет со одржување симпозиуми на таа тема? Зарем веќе не е доволно она што е досега кажано? Зарем во Република Македонија живеат само Македонци и Албанци? Што е со започнатиот процес на градење бинационална држава? Ќе се спротивставиме, ќе го поддржиме или ќе молчиме? Кој е тој што треба да му стави крај на сето ова? Сигурно дека тоа е граѓанскиот сектор, во соработка со државните институции.

Денес, Власите во Република Македонија се лојални граѓани, работат во интерес на државата, во голема мера придонесуваат за развој на нашето современо демократско општество и учествуваат во остварувањето на стратешките цели за афирмација на Република Македонија во целиот свет.

Но, борбата на влашката заедница за сочувување на својот национален идентитет ќе продолжи и понатаму, с$ со цел да не исчезне влашкиот јазик, а со тоа и влашкиот род, како најстар автохтон народ на Балканот.

 (авторката на текстот е новинарка во Редакцијата за емисиите за влашки јазик при МТВ)

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA