Писма од читателите
Бидете хумани, додека сe уште има кому да му помогнете
Друштвото на родителите за грижа за здраво поколение” од Велес, иницирано од учеството на Претседателот на Светскиот самит за правата на децата, кој се одржа од 8 до 10 мај, 2002 г., во Њујорк, упати медиумско јавно прашање до г. Борис Трајковски, дали неговото учество на Светскиот самит ќе значи надеж и конкретна помош за велешките деца, во имплементацијата на нивното устравно и меѓународно право на здрава животна средина. Во продолжение на медиумскиот текст следуваше образложение за реалнта состојба во Велес, каде што екозагадувањето здравствено најмногу ги погодува децата и младите, континуирано нарушувајќи го нивниот имунитет и предизвикувајќи хронични белодробни заболувања, анемии, срцеви заболувања, мигрени, заболувања на коските, на забите и др.
Врз децата од Велес се врши здравствен злочин, за кој постојат докази, здравствен злочин за кој се запознаени надлежните институции и ресорните министерства, злочин за кој никој не одговора во Македонија и кој никој не го запира. Како реакција на јавното прашање и барање за конкрена помош од таткото на нацијата, наредните денови бевме повикани од претседателскиот цабинет и на 14 мај, 2002 г., тричлена делегација од Друштвото реализира средба со Претседателот. Резултатот од нашите разговори е ветувањето на г. Трајковски дека ќе даде целосна поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и нивната информација за состојбата со животната средина во Велес како приоритетен проблем на ова министерство, со тоа што во разрешувањето на истиот ќе бидат вклучени и министерствата за економија, за здравство, И за финансии. Едноставно, Претседателот даде ветување за превентивна заштита на велешките деца, додека на нашето барање за санирање на веќе постоечките здравствени последици кај децата, присутниот министер за животна средина, г. Владимир Џабирски, ни вети бесплатна воздушна климатска рехабилитација за 30 деца од предучилишна и училишна возраст, која се оствари, со финансиска помош од Фондот за животна средина, во периодот од 28 јули до 6 август, годинава, во Детското одморалиште „Радост” во Охрид.
Како здружение, третираме сериозна проблематика, која покрај вл;адиниот сектор, ја одбегнува и невладиниорт сецтор, иако во својата мисија и во стратешките цели, се вклопуваме во програмските области на повеќе НВО во Македонија. Затоа сме крајно незадоволни од работата на некои фонмдации во Македонија од нивниот критериум на приоритетни проекти. Тоа не наведува на констатација дека при одлучувањето за доделување грантови за проекти за НВО, како главен критериум се јавува „јачината на афтените врски”.
На популација од приближно 15000 деца од Велес треба да им се помогне. Нивната невиност, младост и желба за живот го заслужува тоа, по сите домашни и светски човечки стандарди. Борбата за секоја поставена цел во животот е полесна, кога тоа го прави здрав човек – тогаш секој напор се издржува. Како родители сме соочени со емотивна, физичка и финансиска болка – хронично страдање на кое не му се гледа крајот. Колкава е границата на човечката издржливост, само времето ќе покаже, а тоа не ни е во прилог. Искористете го вашето време за хумана дејност во Велес, „додека има кому да помогнете”.
Соња Гаврилова, претседаетл на Друштвото на родителите за грижа за здраво поколение
|