Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 16 Мај 2002  Форум

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

ТЕМА ЗА ДЕБАТА

Колку соработуваме со локалната самоуправа?

Најновото прашање кое го поставуваме на Форумот на "Граѓански свет" се однесува на соработката на невладините организации со локалната самоуправа? Колку и како соработуваме? Дали сме прифатени како партнери од единицита на локалната власт, дали сме успеале да се наметнеме како фактори со кои тие сакаат да соработуваат, за заедничкото добро на заедницата? Ве покануваме да ни ги праќате вашите размисли и искуства на оваа важна тема. Тоа можете да го сторите на веб-страниците на "Граѓански свет": www.graganskisvet.org.mk  и www.civicworld.org.mk
 

Објавуваме неколку мислења на луѓе активни во невладиниот сектор, кои можат да ја иницираат дискусијата на оваа тема:

Димче Митрески Митрески:
Бројот на невладините организации се повеќе се зголемува и во градските и во руралните средини. Со децентрализацијата на власта и давањето поголеми ингеренции на локалната самоуправа, мислам дека соработката меѓу невладините организации и единиците на локалната самоуправа уште повеќе ќе се подобри. Мислам дека соработката и сега беше добра, посебно во помалите заедници, каде луѓето заедно работат на решавање на проблемите, но очекувам таа да се подобри. Здруженијата на граѓани се повеќе се наметнуваат како фактор и како партнер на власта и соработката е неминовна.

Јордан Михајловски:
Соработката меѓу невладините организации и локалната самоуправа е релативно добра. Мислам дека невладините организации остваруваат многу подобра соработка со единиците на локалната власт, одошто со централната власт. Општините се главно отворени за соработка, особено помалите општини. Мислам дека мошне отворен за соработка е и тимот на скопскиот градоначалник. Собранието на Скопје има и посебна служба за соработка со невладини организации, што е пример кој треба да го следат и другите општини.

Невена Димитрова:
Па, мислам дека и соработуваме и не. Органите на власта – и на локалната и на централната, се согласуваат на соработка со невладините организации само ако тоа е во нивна полза. Ако сметаат дека активностите на невладините организации навлегуваат во нивните ингеренции, или дека на некој начин ги загрозуваат, стануваат непристапни. Но, тоа е процес, не можеме да очекуваме работите да се сменат брзо. Мислам дека сепак забрзано се менуваат, особено во последните неколку години.

Жарко Димитров:
Власта има императив да соработува со невладините организации. Тоа е условот што мора да го исполни македонската држава ако сака да стане дел од Европската унија. Мора да развие силно граѓанско општество, во кое невладините организации ќе бидат рамноправен партнер на власта. Така, тоа мораат да го сторат, сакале или не. Мислам дека повеќе не сакаат да соработуваат одошто сакаат, но развојот на државата ги приморува на тоа. Мораат да сфатат дека живееме во ново време, во кое граѓаните ќе стануваат сила која е рамноправна на силата на власта.

 


--------------------------------------------------------------------------------

ОД МИНАТОМЕСЕЧНАТА ДЕБАТА
Фаќате ли врски

Минатомесечното прашање на нашиот Форум се однесува на вообичаеното, иако неправилно работење во сите сфери на живеењето кај нас – преку врски, пријателства, нерегуларно па дури и корумпирано. Се обидовме да добиеме мислења за тоа колку таковото работење е присутно и во граѓанскиот сектор. Еве што мислат на оваа тема неколку личности од секторот:

Јован Марковски:
Мислам дека, сепак, невладиниот сектор е најчист што се однесува до нерегуларното работење. Корупција пак, мислам дека нема, или пак има во само неколку исклучителни случаи. Невладините организации главно работат чесно, а врски тешко да можат да фаќаат, зошто повеќето работат со странски донатори, кај кои сепак се работи поинаку отколку кај нас.

Ангелина Гелевска:
Навистина ми пречат нападите кои се повеќе се јавуваат во медиумите на адреса на невладините организации, а во кои тие се обвинуваат дека работат нечесно или дури и корумпирано. Би сакала да потсетам дека токму невладините организации го поттикнаа прашањето на корупцијата и многу од нив се вклучени во борбата против корупцијата. Мислам дека ваквите напади се порачани од власта, со цел таа да ја пренесе одговорноста на некој друг.

 

©MCMS - designed by KOMA