Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 48 Април 2005  Концепти

Конфликти во организацијата и нивно надминување (2)

И избегнувањето е начин на преговарање

                                                                                                           Албанска верзија

Во пракса често се случуваат конфликтни ситуации внатре во организацијата и во релациите со организации и поединци надвор од неа кои менаџерот е принуден да ги решава. Најчесто конфликтните ситуации се јавуваат при донесување одлуки, при спогодување со околу платата со соработниците, при склучување договори за продажба на про­и­з­во­ди­те/услугите на организацијата, при спогодувањето со владата за одредени поволности за организацијата и др.

Во сите овие случаи најчесто ста­нува збор за спротив­ста­ве­ни гле­дишта на вклучените страни кои се залагаат за остварување на нив­ните интереси. Процесот низ кој тре­ба да се помине за да се при­­ближат гледиштата и ста­во­ви­те на заинтересираните страни е всуш­ност раз­ре­шу­ва­ње  на конфликтите.

Нај­често користени начини на справување со конфликтни ситуации се: спротивставувањето, соработката, компромисот, одбегнувањето и прилагодувањето.

Спротивставувањето не се препорачува кога е важно зачувување на релациите со другата страна (на пр., се смета на другата страна како на стратешки партнер), кога редовна соработката се уште не е воспоставена (со нови клиенти), за рутински важни и неважни прашања.

Прилагодувањето е исто така ситуација губи-добива, каде што ед­ната страна се повлекува од своите позиции и попушта. Се пре­по­рачува да се користи кога навистина не е важно за прашањето за кое се преговара, едната страна е беспомошна, но нема желба да го блокира противникот. Овој начин на разрешување конфликти треба да се одбегнува доколку едната страна го користи само за да бидете прифатени од другата страна затоа што резултатот е најчесто непочитување и на организацијата и на преговарачот.

Избегнувањето е начин на преговарање што резултира со незадоволство на двете вклучени страни во конфликтот. Тоа е ситуација губи-губи и не би требало да се користи кога е важно да се зачуваат добрите релации и да се остварат интересите во преговарањето. Избегнувањето често води во замрзнувања на преговорите или во експлозивни караници. Се препорачува да се користи кога релациите не се толку значајни, времето е кратко, а одлуката не мора да се донесе, кога  имате слаба преговарачка позиција, но имате желба да го блокирате „противникот”.

Колаборативниот начин на преговарање е всушност она кон што како менаџери треба да се стремиме. Соработувањето е ситуација победи-победи каде што се почитуваат разликите и се бара заедничко погодно решение. Ова е всушност принципиелно преговарање и резултатите од него предизвикуваат задоволство и кај двете вклучени страни. Сепак, и овој стил на преговарање има свои слабости. Не се препорачува да се користи кога има малку време на располагање, кога целите на другата страна се објективно погрешни, а конфликтот се случил поради неважни работи. Ко­лаборативниот начин на разрешување конфликти е најдобро да се користи кога зачувувањето на добрите релации и решавањето на кон­фликтната ситуација се подеднакво значајни, кога се потребни креативни решенија, кога има доволно време за водење на процесот.

Компромисот како начин на разрешување конфликти е демократски процес кој истовремено е и позиционирање и овозможува раз­делување на различностите на вклучените страни. Во процесот на постигнување компромис секоја од страните делумно се от­ка­жу­ва од своите барања при што нема ситуација губи-добива, односно секоја од преговарачките страни делумно губи и делумно до­бива. Водењето до компромисно решение мора да се користи кога треба да за зачува добрата соработка, но времето и ресурсите се ограничени, кога изнаоѓањето какво било решение (што не мора да биде најдоброто) е подобро од комплетното решавање на проблемот. Не се препорачува кога е неопходно најдоброто мо­ж­но решение или кога едната страна не може да се помири со последиците (загубените работи) со договорот.

Како што забележал еден странец кој подолго време престојува во Република Македонија, ние многу „муабетиме”, но многу малку се обраќаме едни кон други. Тоа е својствено и за нашите менаџери. Тие постапуваат рутински кон конфликтите, водени од нивните лични чувства, ставови и вредности.

На преговарањето како начин на справување со конфликтни ситуации (што неминовно се појаву­ваат во работењето) до­сега не му е посветено доволно внимание во шко­­лите за менаџмент. До­аѓајќи во контакт со прет­ставници на странски ком­па­нии во нашава земја, гле­даме дека веш­ти­ните на преговарање како потребни алат­­ки за успешно ра­ботење редовно се при­ме­нува­ат. Ако императив на секој менаџер е продуктивноста, то­гаш за да постигне поголема продук­тив­ност на организацијата е потребно тој успешно и да знае да пре­говара.

За преговарањето како ме­­на­­џерска алатка ќе пи­шуваме во следниот број.

 

Поимник

Неколку дефиниции за преговарањето:

- Преговарање е процес преку кој една личност се обидува да убеди друга личност да го смени или да не го менува неговото/нејзиното однесување;

- Преговарањето е уметност на победување;

- Преговарањето е употребување на взаемен притисок за да се постигнат целите на една организација во интеракција со друга организација;

Преговарањето е “пазарење”;

- Највисок облик на продажбата;

- Процес со кои една страна разговара со другата страна со цел постигнување договор, во војна, со синдикатот или менаџментот, со купувачите или продавачите на добра, услуги, со владини агенции, со клиенти, со пријателите и во семејството;

- Преговарањето е основно средство за да добиете она што го сакате од останатите.

 

Лилјана Алчева

обучувач/соработник на проекти во МЦМС

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA