Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 16 Мај 2002  Концепти

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

МРЕЖИ, ВМРЕЖУВАЊЕ И МРЕЖНО РАБОТЕЊЕ (I)

Мрежата - комуникациска алатка

Сунчица Саздовска

Поимите „мрежа”, „вмрежување”, „мрежно работење” во последно време се многу популарни и широко се употребуваат не само во НВО секторот туку и многу пошироко. Во овој и во наредните неколку броја на „Граѓански свет” ќе ги презентираме основите поими поврзани со мрежите и мрежното работење: што се подразбира под термините мрежа, мрежно работење, која е разликата меѓу мрежа и организација, какви типови и структури на мрежи има, проток на информации во мрежите, застапување на мрежата, финансирање на мрежното работење, предности и недостатоци на мрежното работење итн.
 

Што е мрежа?
Во основа мрежа е комуникациска алатка. Мрежата претставува збир од контакти кои немаат хиерархиска природа. Тие не се базираат на некој кој има моќ над некој друг. Контактите и активностите во мрежата се секогаш на доброволна основа. Тоа не значи дека не постои одговорност. Тоа само значи дека една личност не е одговорна за се цело време. Одговорностите се менуваат, некогаш една личност е одговорна за одредена работа, некогаш друга. Мрежите не подразбираат многу бирократија и тие тежнеат да бидат ефективни, динамични и ориентирани кон акција.

НВО-мрежа е група на поединци и/или организации кои, на доброволна основа, разменуваат информации или продукти или спроведуваат заеднички активности и се организираат за таа цел на таков начин што нивната индивидуална автономија останува незагрозена.
Хаверкорт (1993)

Мрежата е механизам кој ги поврзува лугето и/или организациите кои делат некакви заеднички вредности и/или цели. Тие произлегуваат од потребата да се добие пристап до информации, моќ, финансии и било што друго што е релевантно на нејзините основачи. Сепак секоја мрежа се развила под специфични услови. Примарната цел на мрежите, нивниот дизајн и степен на формализација можат да се разликуваат. Тие исто така можат да се менуваат со тек на времето.
Вмрежувањето често е многу важно и во одредени случаи неопходно, но мрежите се средства за постигнување на одредени цели, а не цели сами по себе.
Мрежите зависат од инпутот и придонесот од страна на сите членови. Придонесувањето е суштината на било која мрежа. Генерално мрежата не може да функционира ако се чека другите да преземат акција, дури и ако навистина го ветиле тоа. 

Мрежа и организација
Се чини дека постои голем степен на конфузија околу тоа што е всушност мрежа и која е разликата меѓу мрежа и оганизација. Поради својата нејасност концептот е подложен на различни интерпретации кои се поврзани со степените на формализација и членството. На пример постои конфузија дали оние што ја сочинуваат мрежата се членови или учесници. Понекогаш тоа станува прилично осетлива тема. Луѓето кои се активни во некои мрежи понекогаш се изјаснуваат дека организациите имаат членови додека мрежите имаат учесници. Сепак, во литературата за НВО-мрежите најчесто користен термин е „член”.

И организациите и мрежите се комуникациски структури, иако од различен тип и со различни цели. Организациите, генерално се фромално регистрирани правни тела со постојана адреса и дефинирана сопственост и управување. Од друга страна мрежите нормално немаат потреба од овие формални карактеристики и генерално се помалку бирократски и хиерархиски. Иако мрежите можат да се опишат како форма на организација, тие најчесто се одликуваат со нагласувањето на дисеминацијата на информациите и поврзувањето на организациите и поединците.

Справувањето со информациите е исто така суштинско и за организациите, но обично нивната цел е да се продуцираат добра и услуги за корисници (целни групи) надвор од организацијата. Мрежите, напротив, се примарно оформени да им служат на оние кои се внатре во самата мрежа. Мрежите можеби би било најдобро да се гледаат како релации-врски меѓу организациите.

Мрежите често се вели дека се поотворени и подемократски од организациите. Но сепак, ова не е секогаш вистина. Всушност, мрежите имаат тенденција да станат прилично исклучиви (дури и доколку не се основани како такви) обединувајќи ги оние кои делат заеднички идеи со групата која ја иницирала мрежата, а исклучувајќи ги другите.

Ако мрежите се сметаат за подемократски од организациите, причината за ова може да се објасни со фактот дека тие имаат интермедиерна (посредничка) функција меѓу формално независни единици. Така вмрежувањето е активност која се одвива преку границите на самата организација. Па така, не е воопшто невообичаено вмрежувањето да се случува меѓу организации кои во суштина се конкурентни.

 

©MCMS - designed by KOMA